Дневен центар за активно стареење

Во партнерство со Општина Прилеп, Општина Кривогаштани и Општина Долнени, со поддршка Министерството за социјална политика, демографија и млади во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги започнуваме со воспоставување на Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење во општина Прилеп. Оваа нова социјална услуга наменета за постарите лица ќе донесе позитивни придобивки за здраво и пристојно стареење, а воедно и ќе го зајакне партнерството меѓу институциите и граѓанските организации со заедничка цел - позитивни промени и добробит во заедницата.

Центарот ќе биде место за дружење, нега, едукација и културни активности – прилагодено на потребите на постарата популација во овие три општини.

-
Jul
06
2025