ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АКТИВНА МЕРКА: (ОП 2023 МЕРКА 7.2 )

ОБУКА И ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ УСЛУГИ НА ГРИЖА ВО ЗЕДНИЦАТА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ЛИЦА СО ХРОНИЧНА БОЛЕСТ ВО ЗАЕДНИЦАТА
 

ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

до евидентирани невработени лица за вклучување во обуки за мерката 7.2 Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата

 

Се повикуваат евидентираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за негователи/асистенти во мерката 7.2 - Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување. Невработените лица потребно е да имаат завршено минимум основно образование.

Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а се однесуваат на следните занимањa:

 

- Асистент за нега на лица со Мултиплекс склероза

 

- Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест

 

- Палијативен неговател за нега на болни и изнемоштени лица

 

- Неговател за стари и немоќни лица

 

- Неговател за лица со попреченост за испорачување на услугата одмена на семејна грижа

 

- Неговател за деца со попреченост за испорачување на услугата одмена на семејна грижа

 

- Личен асистент за лица со попреченост

 

Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци организирана во неколку модули и фокусирана на теоретски и практичен дел.

 

Невработените лица што ќе посетуваат обука ќе добијат месечен надоместок во висина од 11.000 денари,  по лице со вклучени данок на личен доход  и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест за времетраење на обуката од 3 месеци.

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.

Невработените лица кои успешно ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со можност за вработување како давател на социјални услуги кај селектираните здруженија на граѓани и приватни установи за вон семејна социјална заштита на стари лица /работодавачи, согласно стручната обука со минимален износ на месечна бруто плата од 30 780 денари.

При селекција на пријавените кандидати во обуките критериумите ги утврдуват селектираните здруженија на граѓани и приватни установи за вон семејна социјална заштита на стари лица/работодавачи, во соработка со Центарот за вработување и УНДП.

Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на  основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно:

·    Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;

·    Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија, притоа земајќи ги во предвид и бројот на евидентирани невработени лица во центри за вработување кои припаѓаат во регионот.

За време на учество на невработените лица во мерката за периодот на обука, истите го користат и стекнатото право за парична помош  согласно Законот за социјална заштита и правата по основ на невработеност.

 Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, /работодавач, спроведувачот на обука и селектираните кандидати.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат.

Детални информации за мерката може да се добијат во надлежниот Центар за вработување, како и на контакт телефон 071 329 534 или на е-маил адреса: rabotaimoznosti.mk@undp.org

 

May
22
2023