Јавен повик за доделување на грантови за развој на социјални услуги на локално ниво
Министерството за труд и социјална политика објавува јавен повик за доделување на грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. Повикот е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој го спроведува МТСП со поддршка од Светска банка.
Општините, заедно со давателите на услуги можат да аплицираат со најмногу 1 предлог-проект за следните социјални услуги:
- Услуги на советување
- Услуги во домот (помош и нега во домот и лична асистенција)
- Услуги во заедницата (центар за дневен престој за бездомни лица, центар за дневен престој за лица со попреченост, центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуална работа, центар за дневен престој за стари лица, центар за дневен престој за стари лица со активно стареење, центар за рехабилитација, центар за привремен престој на деца кои ќе се затекнат без родителска грижа или како скитаат и деца жртви на злоупотреба, центар за бездомници, центар за жртви на семејно насилство, центар за жртви на родово-базирано насилство и центар за жени жртви на сексуално насилство и силување, центар за жртви на трговија со луѓе, центар за одмена на семејна грижа)
На општините и давателите на услуги кои имаат изразено интерес и ќе решат да се пријават на Јавниот повик ќе им биде обезбедена директна поддршка за подготовка на документите за апликација на повикот вклучувајќи ги и предлог-проектите во периодот од 22 jули до 25 август 2022 година. Повикот е достапен на следниот линк: www.ssip.mk/javen-povik
