ОБУКА И ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ УСЛУГИ НА ГРИЖА ВО ЗЕДНИЦАТА
ОБУКА И ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ УСЛУГИ НА ГРИЖА ВО ЗЕДНИЦАТА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ЛИЦА СО ХРОНИЧНА БОЛЕСТ ВО ЗАЕДНИЦАТА
НАМЕНА НА ЈАВНИОТ ОГЛАС: ЈАВЕН ОГЛАС НАМЕНЕТ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
ВАЖИ ОД 22.05.2023 ДО 23.06.2023
Врз основа на Оперативниот План за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 7.2 Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, имплементирана од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во партнерство со УНДП – (Програма за развој на Обединети Нации), на ден 22.05.2023 се објавува:
ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ
до евидентирани невработени лица за вклучување во обуки за мерката 7.2 Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата
Се повикуваат евидентираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за негователи/асистенти во мерката 7.2 - Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување. Невработените лица потребно е да имаат завршено минимум основно образование.
Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а се однесуваат на следните занимањa:
- Асистент за нега на лица со Мултиплекс склероза
- Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест
- Палијативен неговател за нега на болни и изнемоштени лица
- Неговател за стари и немоќни лица
- Неговател за лица со попреченост за испорачување на услугата одмена на семејна грижа
- Неговател за деца со попреченост за испорачување на услугата одмена на семејна грижа
- Личен асистент за лица со попреченост
Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци организирана во неколку модули и фокусирана на теоретски и практичен дел.
Невработените лица што ќе посетуваат обука ќе добијат месечен надоместок во висина од 11.000 денари, по лице со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест за времетраење на обуката од 3 месеци.
Невработените лица кои ќе ја завршат обуката и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.
Невработените лица кои успешно ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со можност за вработување како давател на социјални услуги кај селектираните здруженија на граѓани и приватни установи за вон семејна социјална заштита на стари лица /работодавачи, согласно стручната обука со минимален износ на месечна бруто плата од 30 780 денари.
При селекција на пријавените кандидати во обуките критериумите ги утврдуват селектираните здруженија на граѓани и приватни установи за вон семејна социјална заштита на стари лица/работодавачи, во соработка со Центарот за вработување и УНДП.
Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна програма односно мерка за вработување, како и врз основа на основни принципи кои треба да се почитуваат при имплементацијата на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно:
· Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот;
· Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија, притоа земајќи ги во предвид и бројот на евидентирани невработени лица во центри за вработување кои припаѓаат во регионот.
За време на учество на невработените лица во мерката за периодот на обука, истите го користат и стекнатото право за парична помош согласно Законот за социјална заштита и правата по основ на невработеност.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, /работодавач, спроведувачот на обука и селектираните кандидати.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат.
Детални информации за мерката може да се добијат во надлежниот Центар за вработување, како и на контакт телефон 071 329 534 или на е-маил адреса: rabotaimoznosti.mk@undp.org
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА