Обука за даватели на социјални и здравствени услуги

Во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, Здружението Центар за развој и едукација – Прилеп организираше обука под наслов: „Прва психолошка помош и поддршка за ментална, емоционална и физичка благосостојба на корисниците на социјални и здравствени услуги во домот“.

Обука ја водеа нашите стручни психолози, дел од проектот „Трансакт“, кој нуди психолошка поддршка на терен.

 Учесниците се запознаа со:

  •  Значењето на психолошката поддршка и кога е таа потребна
  •  Принципи за успешно реагирање и пристап во кризни ситуации
  •  Практични совети и алатки за ментална стимулација
  • Како да се препознаат најчестите психолошки состојби кај повозрасните
  •  Техники за самопомош и грижа за себе

Давателите на социјални и здравствени услуги не се само негуватели – тие често се гласот, сигурноста и поддршката на лицата кои имаат најголема потреба.

Затоа, препознавањето на психолошките тешкотии и соодветната поддршка се клучни за подобрување на квалитетот на живот на корисниците, но и за заштита на менталното здравје на самите даватели.

Продолжуваме и понатаму да делуваме за испорака на квалитетни социјални и здравствени услуги за нашите корисници, а воедно и за создавање на тим кој покажува грижа за себе, грижа за корисниците и грижа за заедницата.

-
Jul
02
2025