Обуки за напредни ИТ вештини
Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 4. Обуки за напредни ИТ вештини (со кофинансирање– финансирана 80% од Агенција за вработување на Република Северна Македонија и 20% од спроведувачот на обуки), на ден 28.07.2022 година Агенцијата за вработување објави
ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ
до невработени лица за мерката 4. Обуки за напредни ИТ вештини (со кофинансирање)
Се повикуваат евидентираните невработени млади лица до 34 години кои се заинтересирани за стекнување вештини од областа на информатиката, да аплицирааат за учество во обуките за еден од следните модуларни програмски пакети:
- Дигитален маркетинг
-Графички дизајн
-Wordpress Website Development
-Phyton Development
-Data Analyst
-Java Developer
-Cloud Administration
-Automation Tester
За учество во обука, кандидатот треба да ги исполнува следниве критериуми:
- Да има завршено средно или високо образование;
- Да биде евидентирано невработено лица- активен барател на работа;
- Невработените лица кои веќе еднаш посетиле обука за напредни ИТ вештини можат да учествуваат во обука во друга напредна ИТ вештина. Доколку бројот на пријавени кандидати за учество во мерката го надминува предвидениот опфат, во тој случај предност ќе имаат кандидадите кои претходно не учествувале во обука за напредни ИТ вештини;
Повеќе информации за можностите и условите можете да најдете на https://av.gov.mk/
