Помош и Нега во Домот

Од 1ви Август започна услугата Помош и Нега во Домот. Оваа услуга ќе биде наменета за жителите на општините Долнени, Прилеп и Кривогаштани. Министерката за труд  и социјална политика, Јованка Тренчевска ги додели дозволи за вршење дејност од социјална заштита на давателите кои ќе ја спроведуваат социјалната услуга,          а носител на лиценцата за давање на оваа социјална услуга е здружението „Центар за развој и едукација“. 

Оваа услуга ќе ја обезбедуваат 40 негуватели за Кривигаштани, Долнени и Прилеп на 120 постари лица и лица со намален функционален капацитет.
Лиценцираните негуватели кои ќе бидат ангажирани за помош и нега во домот секојдневно ќе им помагаат на корисниците полесно да ги извршуваат своите секојдневни активности, почнувајќи од одржувањето на личната хигиена, облекувањето, хранењето, движењето во домот, а ќе обезбедуваат и поддршка при чистење, перење, готвење, набавки на намирници, земање медицинска терапија и слично.

Покрај врачувањето на лиценцата, исто така министерката ја искористи оваа прилика за да посети и корисници на новата услуга во нивните домови во селото Лажани, општина Долнени и во селото Слевеј во општина Кривогаштени, каде во непосреден разговор директно се запозна со потребите на овие лица кои не се во можност самостојно да се грижат за себе, како и да ги информира за придобивките од социјалната услуга што тие ќе почнат да ја добиваат.    

-
Aug
07
2023