Повик до евидентирани невработени лица за вклучување во бесплатни обуки за грижа во заедницата

Врз основа на Оперативниот План за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 7.2 Обука и Вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, имплементирана од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во партнерство со УНДП - Швајцарската агенција за развој и соработка, на ден 23.02.2022 се објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
до
 евидентирани невработени лица за вклучување во 
бесплатни обуки за:

Асистент за нега на лица со Мултиплекс склероза
Асистент/неговател за испорачување на услугата одмена на семејна грижа
Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест
Палијативен неговател за нега на болни и изнемоштени лица

 

Се повикуваат евиденираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за негователи/асистенти во мерката 7.2 - Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување се до исполнување на предвидениот опфат.

Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а се однесуваат на следните занимања, градови и за следните селектирани правни субјекти/работодавачи:

1. Битола, за Здружение на граѓани „Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби“ - подружница Битола (вкупно 14 позиции за обука со завршено минимум основно образование):

  • 7 позиции за асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза
  • 7 позиции за асистент/неговател за испорачување на услуга одмена на семејна грижа

2. Велес, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес (вкупно 9 позиции за обука со завршено минимум основно образование):

  • 3 позиции за асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза
  • 6 позиции за асистенти/негователи за испорачување на услуга одмена на семејна грижа

3. Велес, Здружение на граѓани  „Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби“ - подружница Велес (вкупно 21 позиции за обука со завршено минимум основно образование):

  • 10 позиции за асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза
  • 11 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест

4. Гостивар, Здружение на граѓани  “Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби”-подружница Гостивар (вкупно 17 позиции за обука со завршено минимум основно образование):

  • 6 позиции за асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза
  • 4 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест
  •  позиции за асистенти/негователи за испорачување на услуга одмена на семејна грижа

5Делчево, Хуманитарно здружние за помош и поддршка на лица со посебни потреби БРАВУРА КООПЕРАТИВА Делчево (вкупно 9 позиции за обука со завршено минимум основно образование):

  • 3 позиции за палијативен неговател за болни и изнемоштени лица
  • 6 позиции за асистенти/негователи за испорачување на услуга одмена на семејна грижа

6. Делчево, Црвен Крст- општинска организација Делчево (вкупно 14 позиции за обука со завршено минимум основно образование):

  • 14 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест

7. Неготино, Црвен Крст - општинска организација Неготино (вкупно 14 позиции за обука со завршено минимум основно образование):

  • 14 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест

8. Радовиш, Црвен Крст - општинска организација Радовиш (вкупно 9 позиции за обука со завршено минимум основно образование):

  • 9 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест

9. Скопје, Здружение за поддршка и развој ХУМАНОСТ Скопје (вкупно 14 позиции за обука со завршено минимум основно образование):

  • 7 позиции за палијативни негователи за болни и изнемоштени лица
  • 5 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест
  • 2 позиции за асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза

10. Струга, Здружение Центар за подобрување на квалитетот на животот на лица со интелектуална попреченост и нивните фамилии ПОРАКА НОВА Струга (вкупно 29 позиции за обука со завршено минимум основно образование):

  • 8 позиции за асистенти/негователи за испорачување на услуга одмена на семејна грижа
  • 13 позиции за палијативни негователи за болни и изнемоштени лица
  • 4 позиции за асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза
  • 4 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест

Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци организирана во неколку модули и фокусирана на теоретски и практичен дел.

  • Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9 000 мкд, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.
  • Невработените лица кои ќе ја завршат обуката и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.
  • Невработените лица кои ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со можност за вработување како давател на социјални услуги кај селектираниот правен субјек/работодавач, согласно стручната обука со минимален износ на месечна бруто плата од 30 780 мкд;

При селекција на пријавените кандидати во обуките критериумите ги утврдуват селектираните субјекти/работодавачи во соработка со Центарот за вработување и УНДП.

Во зависнот од бројот на пријавени лица кои ги исполнуваат условите наведени во Јавниот повик, при изготвување на критериумите за селекција ќе се почитуваат и следните основни принципи:

  • Справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на COVID-19,
  • Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот, и
  • Поттикнување на рамномерен регионален развој, во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони во Република Северна Македонија.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, селектираниот правен субјект/работодавач, спроведувачот на обука и селектираните кандидати

Заинтересираните невработени лица можат да го изразат својот интерес и/или да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Детални информации за мерката може да се добијат во надлежниот Центар за вработување, на контакт телефоните: 070 384 046 и 071 329 534 или на е-маил адреса rabotaimoznosti.mk@undp.org

Feb
24
2022