ПРАКТИКАНТСТВО ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АКТИВНА МЕРКА: (ОП 2023 МЕРКА 5 ) ПРАКТИКАНТСТВО
НАМЕНА НА ЈАВНИОТ ОГЛАС: ЈАВЕН ОГЛАС НАМЕНЕТ ЗА ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА
ВАЖИ ОД 15.05.2023 ДО 30.06.2023
Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за Оп 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 5. Практикантство, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на ден 15.05.2023 година, се објавува
ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ
до невработените лица
- Се повикуваат невработените млади лица до 29 години евидентирани во АВРСМ со минимум завршено средно образование кои немаат работно искуство да аплицираат во мерката 5. Практикантство
- Мерката 5. Практикантство обезбедува за период до 3 (три) месеци кај работодавачите стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места
- За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката 5.Практикантство, се предвидува финансиска поддршка во износ од 11.000,00 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за периодот за кој се извршува практичната обука.
- Заинтересираните невработени лица за учество во мерката можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници
- Правата и обврските помеѓу АВРСМ и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебен договор.
Пријавата за учество треба да се поднесе во работниот клуб во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот. Лицата можат да аплицираат и електронски преку системот е-Работа (https://e-rabota.av.gov.mk)
Сите заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб страните www.av.gov.mk и www.rabotaimoznosti.mk.