Проект ТРАНСАКТ: Трансформирање на глобалните општествени предизвици во реални локални активности
Здружението Центар за развој и едукација Прилеп започнува со имплементација на активности во рамките на проектот ТРАНСАКТ
Преку проектот ТРАНСАКТ поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи за прв пат во нашата држава, и во регионот ќе се пилотира услуга – Медицинска сестра во заедницата со цел добрите практики од ЕУ за осигурување на здравствена и социјална заштита на граѓаните, а особено на лицата во социјален ризик да се применат и кај нас.
Медицинска сестра во заедницата е социјална услуга што се фокусира на здравјето на населението со акцент на превенцијата и промоцијата на здравјето и адресирање на здравстевни проблеми во заедницата. Тоа е практика на промовирање и заштита на здравјето на поединците и семејствата, како и на групите и заедниците, преку примена на знаењата од медицинската наука, општествените науки и јавното здравје. Овој пристап вклучува застапување за поединци и семејства, групи и заедници и нивните здравствени грижи и проблеми, како и развој и планирање на мрежи во јавниот живот кои се однесуваат на прашањата за пристапот без бариери до нега, здравствени и социјални услуги. Со мултиперспективен пристап кон здравјето, грижата се одвива во заедницата, т.е. ч. во домовите на луѓето.
Цел на проектот:
Подобрување на пристапот до примарна медицинска нега за оние кои се погодени од сиромаштија во руралните области
Општи цели на проектот
• Обезбедување еколошки, социјални и економски ресурси за одржување на емоционалната и физичката благосостојба на луѓето во сиромаштија на начин кој ги промовира нивните аспирации и ги задоволува нивните потреби во нивните средини.
• Обезбедување пристап до здравствени и социјални услуги за луѓето во сиромаштија преку воведување иновативни програми и зајакнување на соработката помеѓу националните и локалните власти, граѓанските организации и бизнисите.
• Забрзување на пристапот до здравствени услуги, промовирање здрава и продуктивна заедница
- Обезбедување прифатливи здравствени услуги за луѓето во сиромаштија во руралните и тешко достапните области во заедницата
• Создавање и одржување опкружување со оптимално здравје за жените и мажите од сите возрасти (вклучувајќи ги децата, адолесцентите и постарите лица, особено оние во сиромаштија) со елиминирање на родовите ограничувања
• Придонес за еднаков пристап до социјалните установи и услуги за ранливите групи
- Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации
- Подобрување на соработката помеѓу релевантните чинители во социјалниот и здравствениот сектор
- Ефикасно и правично спроведување на плановите и политиките за јавно здравје.
Специфични проектни цели
• Трансфер на знаење
• Подобрување на здравствениот и социјалниот статус на ранливите групи, особено на оние кои живеат во сиромаштија
• Имплементација на моделот на медицинска сестра во заедницата во руралните средини во Северна Македонија врз основа на искуствата во Австрија.
• Воспоставување здравствени услуги во заедницата – грижа на заедницата за одржување, заштита и подобрување на здравствената состојба на населението и заедниците, особено оние кои живеат во сиромаштија
• Зголемување на капацитетот и одржливоста на ГО во Северна Македонија во обезбедувањето социјални и здравствени услуги со фокус на луѓето кои живеат во сиромаштија
• Да се подигне свеста кај носителите на одлуки и персоналот на министерствата/владините агенции кои се занимаваат со прашања од социјални услуги и здравствена заштита за важноста од еднаков пристап до здравствените и социјалните услуги и создавањето и испораката на здравствени и социјални услуги кои ги задоволуваат потребите на заедница
• Спроведување на евалуации за да се утврди влијанието на програмите врз здравствената состојба на поединците и популацијата.
• Користење на резултатите од пилотирањето на услугата за понатамошно истражување, да се влијае на обезбедувањето нега, користењето на здравствените ресурси и развојот на локални, национални и регионални здравствени политики за промовирање на здравјето и спречување на болести.
Проектот е предводен од три организации од Република Австрија во партнерство со Центарот за развој и едукација како лиценциран давател на социјана услуга на територијата на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.
Активностите ќе се спроведуваат во заедничка соработка на општина Прилеп, општина Кривогаштани и општина Долнени, ЈУ МЦСР Прилеп и Градска Болница Прилеп, и општина Градско.
Во рамките на проектот предвидена е набавка на опрема за третмани за подобрување на мобилноста кај лица со проблеми со мобилност, набавка на медикаменти за семејства кои живеат во сиромаштија, социјални пакети.
Предвиден е ангажман на 10 медицински сестри, и 5 социјални работници и психолози се со цел да се овозможи пристап до сеопфатна услуга на семејства кои живеат во сиромаштија со фокус на руралните средини.
