Програми и мерки за самовработување 2025

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија започнува со имплементација на програмите и мерките за вработување содржани во Оперативниот план за 2025. година.

Денес, 09. јуни 2025. година e објавен Јавниот оглас за учество во програмата Самовработување.

Аплицирањето се врши во 30-те центри за вработување и истото ќе трае од денес до 20.06.2025 година.

Процесот на селекција се одвива низ неколку фази и има за цел да поддржи најдобри идеи и бизнис планови.

Висината на финансиската поддршка во форма на грант за основање и започнување на бизнисите, изнесува 7.000 евра доколку аплицира лице кое е постаро од 29 години, а доколку станува збор за младо лице на возраст до 29 години, висината на финансиската поддршка изнесува 10.000 евра.

Доколку пак станува збор за здружување на корисници во ДОО, поддршката изнесува до 20.000 евра, зависно од целните групи.

Повеќе информации на следниот линк: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

Jun
09
2025