Социјални услуги

3. Counseling services

Услуги на советување

Услугите на советување опфаќаат советодавна работа, односно советувалишна работа, со цел превенирање, ублажување и надминување на последиците од настанатите социјални проблеми на поединец и семејство, и тоа за:  подготовка за брак, живот во семејство, родителство, планирање на семејство, брачно/партнерско советување за партнери со нарушени односи,  советување при развод на брак, семејна медијација за семејства со нарушени семејни односи,  психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство,  психо-социјален третман на сторители на семејно насилство и  други специјализирани видови на советувања.

2. Professional assistence and support services

Услуги на стручна помош и поддршка

Услугите на стручна помош и поддршка на поединец и семејство опфаќаат помош и поддршка за надминување на индивидуални и семејни проблеми преку проценка, планирање, интервенции за заштита и евалуација, како и следење на состојбата по завршување на интервенциите, со цел зајакнување на корисниците, промоција на нивниот непречен развој, обезбедување и одржување на добросостојбата и независноста и нивно долгорочно оспособување за самостојно надминување на социјалните проблеми.

1. Inormation and refferal services

Услуги на информирање и упатување

Услугите на информирање и упатување опфаќаат информирање на граѓаните за правата од социјална заштита и расположливите социјални услуги, првична проценка и упатување до други институции, со цел остварување непречен пристап до правата и услугите.

СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ