Новости
Повик до евидентирани невработени лица за вклучување во бесплатни обуки за грижа во заедницата
Врз основа на Оперативниот План за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 7.2 Обука и Вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, имплементирана од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во партнерство со УНДП - Швајцарската агенција за развој и соработка, на ден 23.02.2022 се објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
бесплатни обуки за:
Асистент за нега на лица со Мултиплекс склероза
Асистент/неговател за испорачување на услугата одмена на семејна грижа
Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест
Палијативен неговател за нега на болни и изнемоштени лица
Финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година
Со цел да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година Министерството за економија објави јавен оглас за доделување на финансиска поддршка на лицата со ниски примања во 2022 година чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за:
- самец до 15.194 денари;
- домаќинство со два члена до 18.000 денари;
- домаќинство со три члена до 21.000 денари
- домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и
- домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари
Според јавниот оглас објавен на веб-страната на Министерството за економија, лицата со ниски примања се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 до 800 денари месечно сметано од денот на поднесување на барањето.
Повик до невработени лица за основање на здружение на граѓани како даватели на услуги од социјална заштита
Ако сте невработено лице со амбиција и идеја да основате Здружение на граѓани/ невладина организација како даватели на услуги од социјална заштита и воспоставување социјални сервиси за одмена на семејна грижа и услугите за долготрајна грижа за болни лица, разгледајте ги условите и придобивките за аплицирање во мерката.
Повик до здруженија на граѓани за обезбедување услуги за грижа во заедницата
Ако сте здружение на граѓани/невладина организација коja има идеја, желба и мотив да стане давател на социјални услуги од областа на социјална заштита со воспоставување социјални сервиси за одмена на семејна грижа и услугите за долготрајна грижа за болни лица, разгледајте ги условите и придобивките за аплицирање во мерката.
- « first
- ‹ previous
- 1
- 2
- 3
- 4