Новости

ОБУКИ - ОБУКА ЗА ПОЗНАТ РАБОТОДАВАЧ ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АКТИВНА МЕРКА: (ОП 2023 МЕРКА 3.2(А))

БУКА ЗА СТРУЧНИ КВАЛИФИКАЦИИ СПОРЕД БАРАЊЕ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ
НАМЕНА НА ЈАВНИОТ ОГЛАС: ЈАВЕН ОГЛАС НАМЕНЕТ ЗА ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА
ВАЖИ ОД 15.05.2023 ДО 31.12.2023

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АКТИВНА МЕРКА: (ОП 2023 МЕРКА 7.2 )

ОБУКА И ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ УСЛУГИ НА ГРИЖА ВО ЗЕДНИЦАТА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ЛИЦА СО ХРОНИЧНА БОЛЕСТ ВО ЗАЕДНИЦАТА
 

Јавен повик невработени лица за мерката 10. Втора шанса за зваршување на стручно образование

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за  активните програми и мерки за вработување  и услуги на пазарот на труд за 2022 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 10. Втора шанса  (Пилот мерка), на  ден 31.12.2022 година, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ

до невработени лица за мерката 10. Втора шанса  (Пилот мерка)

 

Се повикуваат евидентираните невработени лица кои немат завршено средно стручно образование т.е. 3-та година од стручното образование за занимања (тригодишно образование) или 4-та година од техничкото образование (четиригодишно образование)и спаѓаат во ранливите целни групи:

  • корисници на ГМП;

  • млади лица до 29 години;

  • Роми;

  • жени;

  • лица со попреченост;

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)

а се заинтересирани да се вклучат во пилот мерката  втора шанса и да го комплетираат своето средно стручно образование, со што ќе добијат диплома за завршено средно стручно образование,која не ја стекнале додека биле во вклучени во редовно образование.  Заинтересираните кандидати да се пријават во Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија,  каде редовно се евидентираат како невработени лица секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.

 

Обуки за напредни ИТ вештини

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, усвоен од Владата на Република Северна  Македонија за мерката 4. Обуки за напредни ИТ вештини (со кофинансирање– финансирана 80% од Агенција за вработување на Република Северна Македонија и 20% од спроведувачот на обуки), на ден 28.07.2022 година Агенцијата за вработување објави

ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ

до невработени лица за мерката 4. Обуки за  напредни ИТ вештини (со кофинансирање)

 

Се повикуваат евидентираните невработени млади лица до 34 години кои се заинтересирани за стекнување вештини од областа на информатиката, да аплицирааат за учество во обуките за еден од следните модуларни програмски пакети:

- Дигитален маркетинг

-Графички дизајн

-Wordpress Website Development

-Phyton Development

-Data Analyst

-Java Developer

-Cloud Administration

-Automation Tester

Јавен повик за доделување на грантови за развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и социјална политика објавува јавен повик за доделување на грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. Повикот е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој го спроведува МТСП со поддршка од Светска банка.

ВОДИЧ ЗА ЛИЦЕНЦИРАЊЕ ДАВАТЕЛИ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ

ВОДИЧ ЗА ЛИЦЕНЦИРАЊЕ ДАВАТЕЛИ НА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ

 Со идеја да се олесни процесот на лиценцирање на потенцијалните даватели на услуги, Комисијата за лиценцирање на даватели на социјални услуги при Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на проектот „Поддршка на модернизација и деинституционализација на социјалните услуги“ подготви сеопфатен и практичен Водич за лиценцирање даватели на социјални услуги.

 Водичот дава детални инструкции за секој чекор во постапката за лиценцирање на давателите на социјални услуги и нуди информации за процесите и обврските по стекнување на лиценцата.

Водичот за лиценцирање ќе го најдете на интернет страницата на МТСП https://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/guide-ebook.pdf

Објавен јавниот оглас за мерката Субвенционирање на плати

Се повикуваат невработени лица евидентирани во АВРСМ  кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот :

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција ,со предност на невработени лица над 5 години)
  • млади лица до 29 години
  • лица постари од 50 години
  • невработени лица на кои им престанал работниот однос во период на коронавирусот COVID -19
  • повратници од странство поради кризата предизвикана од коронавирусот COVID -19
  • лица корисници на гарантирана минимална помо
  • лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
  • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • жени - жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство
  • лица со попреченост
  • жени припадници на ромската етничка заедница и останатите етнички заедници
  • лица припадници на ромска етничка заедница
  • лица на кои им е решен статусот  со лична документација
  • самохрани родители
  • родители на деца со пречки во развојот
  • родители на 3 и повеќе деца
  • родители на деца на улица
  • осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
  • бездомни лица
  • лица со незавршено средно или пониско образование

да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ,  каде редовно се евидентираат како невработени лица.

Оперативен план за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година

Со Оперативниот план за активно програми и мерки за за вработување и услуги ан пазарот на трудот за 2022 година се утврдени програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање на нови работни места, поддршка за креирање на нови работни места и зголемување на работливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на невработените лица на кои престанокот на работен однос е регистриран во периодот на кризата предизвикана поради Корона вирусот COVID 19.

 

Објавени јавните огласи за мерките Самовработување, Практиканство и Вработување и раст на правни субјекти

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија денес ги објави првите јавни огласи за учество во дел од мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година. Невработените лица и работодавачите од денес ќе можат да аплицираат за учество во мерките Самовработување, Практиканство и Вработување и раст на правни субјекти.

 

Исплата на еднократен додаток за корисниците на гарантирана минимална помош

Владата ги утврди измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита за исплата на еднократен додаток за корисниците на гарантирана минимална помош, за да се ублажат последиците од економската криза и ценовниот шок предизвикани со пандемијата од КОВИД-19, како и од енергетската криза, во висина од 1.000 денари за месеците март, април и мај 2022 година, за најранливите категории граѓани.