Новости
Дневен центар за активно стареење
Обука за даватели на социјални и здравствени услуги
Во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, Здружението Центар за развој и едукација – Прилеп организираше обука под наслов: „Прва психолошка помош и поддршка за ментална, емоционална и физичка благосостојба на корисниците на социјални и здравствени услуги во домот“.
Програми и мерки за самовработување 2025
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија започнува со имплементација на програмите и мерките за вработување содржани во Оперативниот план за 2025. година.
Меѓународна конференција
Во организација на Здружение Центар за развој и едукација Прилеп на 28ми мај 2025 година во Прилеп се одржа меѓународна конференција посветена на темата „Социјални и здравствени услуги во заедницата”.
Студиска посета во Република Австрија
Здружението Центар за развој и едукација-Прилеп заедно со претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади, директорот на Центар за социјална работа од Прилеп и градоначалници од општините Кривогаштани, Градско, Прилеп и Долнени остварија студиска посета во Република Австрија каде што се запознаа со иновативни пристапи и добри практики во областа на социјалните услуги. Посетата беше организирана во рамките на проектот ТРАНСАКТ - трансформирање на глобалните социјални предизвици во реални локални активности од страна на партнер организациите од Австрија под водство на Регио 3 Тирол и Аташе Харалд Фугер со цел размена на искуства и унапредување на услугите што се нудат во нашата заедница.
Предавање - Медицинска сестра во заедницата
Денес во организација на Центарот за развој и едукација во соработка со организацијата ЛЕАДЕР Форум Регио 3 се одржа работилница “Медицинска сестра во заедницата – законска регулатива и добри практики од Република Австрија.
Работилницата ја отвори г-н Харалд Фугер – Аташе на Австриското Сојузно Министертсво за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи кој ја презентираше поддршката на Република Австрија во воспоставување на социјални услуги во заедницата во нашата држава.
г-н Стефан Ниедермосер даде краток осврт на Проектот ТРАНСАКТ – Трансформирање на глобалните социјални предизвици во реални локални активности преку кој под менторство на австриски организации за прв пат во нашата држава ќе се пилотира услугата Медицинска сестра во заедницата со поддршка од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи.
Проект ТРАНСАКТ: Трансформирање на глобалните општествени предизвици во реални локални активности
Здружението Центар за развој и едукација Прилеп започнува со имплементација на активности во рамките на проектот ТРАНСАКТ
Преку проектот ТРАНСАКТ поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи за прв пат во нашата држава, и во регионот ќе се пилотира услуга – Медицинска сестра во заедницата со цел добрите практики од ЕУ за осигурување на здравствена и социјална заштита на граѓаните, а особено на лицата во социјален ризик да се применат и кај нас.
Медицинска сестра во заедницата е социјална услуга што се фокусира на здравјето на населението со акцент на превенцијата и промоцијата на здравјето и адресирање на здравстевни проблеми во заедницата. Тоа е практика на промовирање и заштита на здравјето на поединците и семејствата, како и на групите и заедниците, преку примена на знаењата од медицинската наука, општествените науки и јавното здравје. Овој пристап вклучува застапување за поединци и семејства, групи и заедници и нивните здравствени грижи и проблеми, како и развој и планирање на мрежи во јавниот живот кои се однесуваат на прашањата за пристапот без бариери до нега, здравствени и социјални услуги. Со мултиперспективен пристап кон здравјето, грижата се одвива во заедницата, т.е. ч. во домовите на луѓето.
Верификувана програма за Негувател/ка за Помош и нега на стари и немоќни лица
Здружението Центар за развој и едукација Прилеп официјално стана верификувана организација за спроведување на Програма за образование на возрасни - Негувател/ка за помош и нега на стари и немоќни лица.
Во наредниот период ќе започнеме со обука за лица кои сакаат да се вклучат во економија на грижа, и да бидат дел од нашиот тим негуватели за услугата Помош и нега во домот.
Настан „Социјалната услуга помош и нега во домот носи придобивки за сите“
Денес Здружението Центар за развој и едукација Прилеп одржа настан „Социјалната услуга помош и нега во домот носи придобвки за сите“ на кој ги презентираше идните планови за испорака на услугата помош и нега во домот согласно потпишаниот управен договор со Министерството за социјална политика, демографија и млади.
ЕДУКАТИВЕН НАСТАН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО
Денес во организација на Здружение Центар за развој и едукација Прилеп во соработка со Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп се одржа едукативно предавање за препознавање и пријавување на семејно насилство.
Здружението Центар за развој и едукација Прилеп моментално е лиценциран давател на услугата помош и нега во домот со опфат од над 210 корисници кои добиваат професионална помош и поддршка за независно живеење од страна на 58 негуватели на териториите на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.