Помош и нега во домот
Граѓаните со намален функционален капацитет и лицата со попреченост ќе можат да ја користат услугата Помош и нега во домот
Со воспоставувањето на услугата Помош и нега во домот за првпат на територијата на општините Долнени, Кривогаштани и Прилеп ќе им биде овозможено на старите и изнемоштени лица и лицата со попреченост да ги искористат поволностите кои ги нуди самата услуга за Помош и нега во домот.
Примарната цел на услугата Помош и нега во домот е да овозможи квалитетна, професионална и достапна помош и поддршка од страна на обучени негователи за корисниците да ја вратат, стекнат или одржат способноста самите да се грижат за себе, за да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.
Со воведувањето на услугата - Помош и нега во домот, ќе се обезбедува помош во вршење основни и инструментални активности кои опфаќаат помош при миење, облекување, исхрана, движење, хранење, медицинска терапија како соновни, и помош во чистење и средување на домот, набавки за домот и сл. како инструментални активности) од секојдневниот живот до 80 часа месечно, за лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, со цел да се оспособи корисникот за само-помош, односно да ја врати, стекне или одржи способноста самиот да се грижи за себе, за да продолжи да живее во сопствениот дом и да води независен живот во заедницата.
Услугата ќе биде достапна за лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, кои ќе ја добиваат услугата бесплатно.
Услугата ќе се обезбедува од страна на 40 обучени и сертифицирани негователи кои ќе обезбедуваат поддршка на корисниците за да го подобрат квалитетот на живот.
ЛИЦАТА КОИ САКААТ ДА СТАНАТ КОРИСНИЦИ НА ОВАА УСЛУГА треба:
Чекор 1 : Да се обратат кај својот матичен лекар, од каде ќе треба да се подигне пополен образец Индекс Кац.
Чекор 2 : Достават барање во Центарот за Социјална Работа Прилеп (барањето е достапно во просториите на Центарот за социјална работа) кон кое ќе ја приложат и целосната медицинска документација
Чекор 3 : Доколку целокупната документација е во ред, потенцијалните корисници ќе бидат известени за достапните активности на поддршка кои ќе им бидат обезбедени со услугата Помош и нега во домот.
Развојот на оваа услуга е дел од сеоопфатната социјална реформа на владата и ресорното Министерство која е финансирана и поддржана од Светска банка.
- Превземи flaer-za-usluga-3.pdf (4.41 MB)
Услуги на информирање и упатување
Услугите на информирање и упатување опфаќаат информирање на граѓаните за правата од социјална заштита и расположливите социјални...
Услуги на стручна помош и поддршка
Услугите на стручна помош и поддршка на поединец и семејство опфаќаат помош и поддршка за надминување на индивидуални и семејни проблеми преку...
Услуги на советување
Услугите на советување опфаќаат советодавна работа, односно советувалишна работа, со цел превенирање, ублажување и надминување на последиците од...
Услуги во домот
Услуги во домот се услуги за обезбедување помош и нега во домот на лице со привремено или трајно намален функционален капацитет, со цел...
Услуги во заедницата
Услуги во заедницата опфаќаат услуги на дневен, привремен престој, ресоцијализација, рехабилитација,реинтеграција, на корисници, одмена на семејна...
Услуги за вон-семејна заштита
Со услуги на вон-семејна заштита се обезбедува основна заштита која опфаќа: сместување, помош и поддршка од стручни лица, згрижување, исхрана,...
Помош и нега во домот
Граѓаните со намален функционален капацитет и лицата со попреченост ќе можат да ја користат услугата Помош и нега во домот
Со...