Услуги во заедницата

Услуги во заедницата опфаќаат услуги на дневен, привремен престој, ресоцијализација, рехабилитација,реинтеграција, на корисници, одмена на семејна грижа и куќа на пола пат, заради превенција, згрижување и заштита, а со цел овозможување на корисникот да продолжи да живее во сопствениот дом, односно заедницата и превенција на потребата од вонсемејна заштита. Услуги на дневен престој.

Услугата за дневен престој опфаќа дневно згрижување, индивидуални активности за стекнување животни и работни вештини, социјални, културни и рекреативни активности, едукација, социјална поддршка на лицата и нивните семејства и други сродни активности. Корисници на услугата се: деца во ризик, лица со попреченост, маргинализирани лица, стари лица и други лица со специфични социјални проблеми.

Услугата за рехабилитација и реинтеграција на лица кои се соочуваат со социјални и/или здравствени проблеми се обезбедува преку психо-социјална поддршка, терапевтска работа, работно-окупациона терапија, поддршка за стекнување на работни вештини и вештини за вработување, реинтеграција и самостојно живеење. Корисници на услугата се: деца во ризик, лица со попреченост и маргинализирани лица со специфични социјални и здравствени проблеми.

Услугата за ресоцијализација се обезбедува преку советодавна работа, индивидуална, семејна и групна терапија, образовна поддршка, придружба, едукации за развој на вештини, спорт, рекреација, творештво, поддршка за стекнување на работни вештини и вештини за вработување и други услуги на ресоцијализација, во зависност од потребите на корисниците. Услугата за деца во ризик и деца во судир со законот се обезбедува во центар за деца, согласно со Законот за правда за децата. Услугата за ресоцијализација, за возрасни лица по издржување на казна затвор и други лица со специфични социјални проблеми во потреба од ресоцијализација се обезбедува во центар за ресоцијализација.

Услугата за привремен престој обезбедува заштита и стручна помош на лица кои се наоѓаат во кризна состојба заради надминување на состојбата и нивна социјална интеграција. Корисници на услугата се: дете кое ќе се затекне без родителска грижа или како скита, дете жртва на злоупотреба, жртва на семејно насилство и родово базирано насилство, жртви на трговија со луѓе, бездомници. Услугата се обезбедува во времетраење до три месеци, со можност за продолжување уште за три месеци, а во исклучителни случаи кога состојбата не е надмината до една година.

Услугата за одмена на семејна грижа обезбедува краткотрајно згрижување на зависни членови од семејството заради одмена, одмор и задоволување на лични и професионални потреби на членови на семејството кои се грижат за нив, а   може да се обезбеди и во домот на корисникот. Корисник на услугата е член на семејството кој се грижи за старо лице, лицe со попреченост и другo болно и изнемоштенo лицe, кое не може самостојно да ги врши основните и инструменталните активности од секојдневниот живот. Услугата за одмена на семејна грижа која се реализира со трошоци надоместени од центарот за социјална работа се обезбедува во времетраење до 15 дена во една календарска година.

Куќа на пола пат обезбедува помош, поддршка и подготовка за самостојно живеење на лица кои претходно биле под вонсемејна заштита, немаат свој дом или услови за живот во својот дом, заради нивна реинтеграција во општеството. Услугата се обезбедува во текот на сместувањето или веднаш по престанокот на сместувањето. Корисници на услугата се: дете без родители и родителска грижа, дете по напуштање на воспитна установа за ресоцијализација, возрасни лица по издржување казна затвор, лица со попреченост, зависници од алкохол и дроги по спроведен третман за лекување и други лица со специфични социјални проблеми кои имаат потреба од подготовка за самостоен живот.

1. Inormation and refferal services

Услуги на информирање и упатување

Услугите на информирање и упатување опфаќаат информирање на граѓаните за правата од социјална заштита и расположливите социјални...

Повеќе...
2. Professional assistence and support services

Услуги на стручна помош и поддршка

Услугите на стручна помош и поддршка на поединец и семејство опфаќаат помош и поддршка за надминување на индивидуални и семејни проблеми преку...

Повеќе...
3. Counseling services

Услуги на советување

Услугите на советување опфаќаат советодавна работа, односно советувалишна работа, со цел превенирање, ублажување и надминување на последиците од...

Повеќе...
4. Услуги во домот

Услуги во домот

Услуги во домот се услуги за обезбедување помош и нега во домот на лице со привремено или трајно намален функционален капацитет, со цел...

Повеќе...
5. Community services

Услуги во заедницата

Услуги во заедницата опфаќаат услуги на дневен, привремен престој, ресоцијализација, рехабилитација,реинтеграција, на корисници, одмена на семејна...

Повеќе...
6. Extra family care services

Услуги за вон-семејна заштита

Со услуги на вон-семејна заштита се обезбедува основна заштита која опфаќа: сместување, помош и поддршка од стручни лица, згрижување, исхрана,...

Повеќе...

Помош и нега во домот

Граѓаните со намален функционален капацитет и лицата со попреченост ќе можат да ја користат услугата Помош и нега во домот

Со...

Повеќе...
Nov
18
2021