Услуги за вон-семејна заштита
Со услуги на вон-семејна заштита се обезбедува основна заштита која опфаќа: сместување, помош и поддршка од стручни лица, згрижување, исхрана, облека, здравствена заштита, и други услуги во зависност од видот на корисниците, кои немаат услови за живеење во своето семејство или од други причини им е потребна вон-семејна заштита.
Услуги на вон-семејна заштита се живеење со поддршка, згрижување во друго семејство и сместување во установа.
Живеење со поддршка се обезбедува во посебна станбена единица со помош од стручни или други лица во остварување на основните и инструменталните активности во секојдневниот живот. Помошта и поддршката може да биде повремена, дневна или 24 часовна помош и поддршка, во зависност од потребите на корисникот. Корисници на услугата се: лица со попреченост и деца без родители или родителска грижа над 14 годишна возраст, а најдоцна до завршување на средното образование, заради оспособување за самостоен живот и интеграција во општеството. Во станбена единица за живеење со поддршка може да се сместат најмногу до пет лица, односно седум деца без родители или родителска грижа.
Згрижување во семејство опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Згрижувањето може да се обезбеди како општо, специјализирано, повремено, интервентно или роднинско згрижување.
Општо згрижување е услуга преку која на сместените лица им се обезбедува задоволување на секојдневните потреби, грижа за личноста, воспитанието, образованието, развојот, здравствената состојба, во зависност од секојдневните потреби на сместеното лице. Корисници на услугата се: стари лица, деца без родители и родителска грижа, лица со попреченост.
Специјализирано згрижување е услуга преку која на сместените лица им се обезбедува општо згрижување на лицата и поддршка до надминување на социјалните проблеми, а која се обезбедува од страна на згрижувачи кои поминале специјализирана обука. Корисник на услугата е: дете жртва на семејно насилство, дете во ризик и дете во судир со законот, дете или лице со попреченост.
Повремено згрижувачко семејство обезбедува згрижување на дете или возрасно лице згрижено во друго згрижувачко семејство, како и за дете или возрасно лице со попреченост кое живее со родител/старател заради одмор, терапија, лекување и завршување на домашни, семејни и професионални обврски на згрижувачот, односно родителот/старателот. По престанокот на потребата од привремено згрижување, згрижувачкото семејство, односно родителот/старателот, ја продолжува грижата за детето или лицето.
Интервентно згрижување е услуга на краткорочно згрижување во семејство на лица за кои е неопходна итна заштита, до изнаоѓање на соодветни облици на заштита, а најдолго до 30 дена. Корисници на услугата се: дете без родители и родителска грижа, деца од конфликтни семејства, жртви на насилство, жртви на трговија со луѓе и други лица чиј социјален проблем налага итно згрижување и заштита.
Роднинско згрижување е услуга за згрижување на дете без родители и без родителска грижа, во семејство на неговите баба, дедо, брат, сестра, вујко, чичко или тетка.
Сместувањето во установа опфаќа основна заштита која обезбедува: згрижување, 24- часовна помош и поддршка од стручни лица, исхрана, облека и обезбедување здравствена заштита, во зависност од утврдените потреби на корисникот, кој нема услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребна вон-семејна заштита. Услугата за сместувањето во установа за деца, стари лица, лица со попреченост и баратели на азил покрај основната заштита, обезбедува пристап до образование, стекнување на животни вештини, работно оспособување и професионална рехабилитација, социјални, културни и рекреативни активности, во зависност од потребите на корисниците на услугите.
Услугата за сместување на деца во судир со законот на возраст од 14 до 18 години со изречена мерка упатување во воспитна установа, согласно со прописите од областа за извршување на санкциите и упатување во соодветна установа согласно со закон, освен основната заштита, опфаќа и ресоцијализација, реинтеграција, воспитание, пристап до образование и образовна поддршка, организирано минување на слободното време и други услуги за ресоцијализација, а се организира во воспитна установа за деца, согласно со Законот за правда на децата.
Услугата за сместување на изнемоштено старо лице, хронично болно лице, терминално болно лице и друго лице во потреба од континуирана помош и нега, освен основната заштита, опфаќа и специјализирана стручна помош и социјална поддршка на неговото семејства.
Услугата за сместување на лица со попреченост, лица кое имаат проблем со зависности и други маргинализирани лица, кои имаат потреба од спроведување на третман и рехабилитација, покрај основната заштита, им се обезбедува, третман и рехабилитација, работно-окупациона терапија, поддршка за стекнување на работни вештини и вештини за вработување, реинтеграција и самостојно живеење, во зависност од потребата на корисникот.
Услугата за сместување на баратели на азил обезбедува основната заштита, согласно со минимумот на стандардите за прифат на баратели на азил, утврдени со меѓународни договори, ратификувани согласно со Уставот на Република Северна Македонија.
Лице може да користи социјална услуга, доколку е развиена и достапна.
Услуги на информирање и упатување
Услугите на информирање и упатување опфаќаат информирање на граѓаните за правата од социјална заштита и расположливите социјални...
Услуги на стручна помош и поддршка
Услугите на стручна помош и поддршка на поединец и семејство опфаќаат помош и поддршка за надминување на индивидуални и семејни проблеми преку...
Услуги на советување
Услугите на советување опфаќаат советодавна работа, односно советувалишна работа, со цел превенирање, ублажување и надминување на последиците од...
Услуги во домот
Услуги во домот се услуги за обезбедување помош и нега во домот на лице со привремено или трајно намален функционален капацитет, со цел...
Услуги во заедницата
Услуги во заедницата опфаќаат услуги на дневен, привремен престој, ресоцијализација, рехабилитација,реинтеграција, на корисници, одмена на семејна...
Услуги за вон-семејна заштита
Со услуги на вон-семејна заштита се обезбедува основна заштита која опфаќа: сместување, помош и поддршка од стручни лица, згрижување, исхрана,...
Помош и нега во домот
Граѓаните со намален функционален капацитет и лицата со попреченост ќе можат да ја користат услугата Помош и нега во домот
Со...