Услуги во домот

Услуги во домот се услуги за обезбедување помош и нега во домот на лице со привремено или трајно намален функционален капацитет, со цел овозможување на лицето да продолжи да живее во сопствениот дом и превенција на потребата од вонсемејна заштита, а се обезбедуваат како помош и нега во домот и лична асистенција.

Со услугата помош и нега во домот, се обезбедува помош во вршење основни и инструментални активности од секојдневниот живот до 80 часа месечно, за лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, со цел да се оспособи корисникот за само-помош, односно да ја врати, стекне или одржи способноста самиот да се грижи за себе, за да продолжи да живее во сопствениот дом и да води независен живот во заедницата. Корисници на услугата се: лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица и други лица на кои им е потребна помош и нега во домот.

Услугата лична асистенција опфаќа индивидуална помош и поддршка за лица од 18 до 65 годишна возраст, со намален функционален капацитет, со цел да се овозможи независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата, како и вршење на секојдневни активности, кои лице без попреченост вообичаено ги врши без поддршка. Личната асистенција вклучува: помош и поддршка во вршење основни и инструментални активности од секојдневниот живот, помош и поддршка на работното место, образовните институции, центрите за рехабилитација, помош и поддршка во зедницата и други активности од интерес на лицето, до 80 часа месечно. Корисници на услугата се лица со потешка и најтешка телесна попреченост и потполно слепи лица.

1. Inormation and refferal services

Услуги на информирање и упатување

Услугите на информирање и упатување опфаќаат информирање на граѓаните за правата од социјална заштита и расположливите социјални...

Повеќе...
2. Professional assistence and support services

Услуги на стручна помош и поддршка

Услугите на стручна помош и поддршка на поединец и семејство опфаќаат помош и поддршка за надминување на индивидуални и семејни проблеми преку...

Повеќе...
3. Counseling services

Услуги на советување

Услугите на советување опфаќаат советодавна работа, односно советувалишна работа, со цел превенирање, ублажување и надминување на последиците од...

Повеќе...
4. Услуги во домот

Услуги во домот

Услуги во домот се услуги за обезбедување помош и нега во домот на лице со привремено или трајно намален функционален капацитет, со цел...

Повеќе...
5. Community services

Услуги во заедницата

Услуги во заедницата опфаќаат услуги на дневен, привремен престој, ресоцијализација, рехабилитација,реинтеграција, на корисници, одмена на семејна...

Повеќе...
6. Extra family care services

Услуги за вон-семејна заштита

Со услуги на вон-семејна заштита се обезбедува основна заштита која опфаќа: сместување, помош и поддршка од стручни лица, згрижување, исхрана,...

Повеќе...

Помош и нега во домот

Граѓаните со намален функционален капацитет и лицата со попреченост ќе можат да ја користат услугата Помош и нега во домот

Со...

Повеќе...
Nov
18
2021