Додаток за образование

Додаток за образование се обезбедува заради покривање на дел од трошоците на домаќинството поврзани со образованието на децата.

Право на додаток за образование има домаќинство со дете кое е на редовно школување во основно или средно образование во училишта во Република Северна Македонија верификувани од Министерството за образование и наука и запишани во Централниот регистар на Република Северна Македонија и во регистарот на Министерството за образование и наука.

Старател на дете без родители и без родителска грижа кое не е сместено во установа за вонсемејна социјална заштита. Домаќинство со дете кое е на редовно школување во основно или средно образование во установата во РСМ, кое остварува право на гарантирана минималнна помош.Старател на дете без родители и без родителска грижа кое не е сместено во установа за вонсемејна социјална заштита. Домаќинство со дете кое е на редовно школување во основно или средно образование во установата во РСМ, кое остварува право на гарантирана минимална помош.

Бенефиции

Исплатата на додатокот за образование се врши на мајката, за чие дете/ деца се исплатува додатокот за образование за тековната наставна година. Доколку на мајката од оправдани причини не може да и се исплати додатокот за образование, исплатата се врши на таткото т.е. старателот.

Оправдани причини се кога мајката:

• не е жива;

• го напуштила детето;

• е на издржување казна затвор;

• е на континуирано болничко лекување повеќе од  три месеци;

• е со сериозно нарушена здравствена состојба;

• е со одземена деловна способностална помош.

Право на додаток за образование има и старател на дете без родители и без родителска грижа кое не е сместено во установа за вонсемејна социјална заштита.

Лице, кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, а е редовен ученик во средно училиште има право на додаток за образование.

Право на додаток за образование има и лице кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, а кое е запишано како редовен студент на некој од јавните високообразовни уни верзитети во Република Северна Македонија, за секоја редовна студиска година, најдоцна до 26 годишна возраст.

Лице кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, а кое ќе се запише на втор циклус магистерски студии има право на додаток за образование за времетраењето на магистер ските студии на јавните високообразовни установи во Република Северна Македонија, но најмногу до три години од денот на запишувањето.

Лице кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, акое ќе се запише на трет циклус докторски студии има право на додаток за образование за времетраењето на докторските студии на јавните високообразовни установи во Република Северна Македонија, но најмногу до шест години од денот на запишувањето.

Вкупни просечни месечни приходи остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите членови во домаќинството да се во висина до прагот за пристап на правото на додаток за образование, кој е поставен на 6.800 (шест илјади и осумстотини) денари, а кој се зголемува за секој член на домаќинството за коефициент од еквивалентната скала, а најмногу за вкупно осум члена во домаќинството, и тоа за:

• вториот член за коефициент од 0,5

• третиот член за коефициент од 0,4

• четвртиот член за коефициент од 0,4 

• петтиот член за коефициент од 0,2

• шестиот член за коефициент од 0,1

• седмиот член за коефициент од 0,1 и

• осмиот член за коефициент од 0,1

Еквивалентна скала се зголемува дополнително за коефициент 1,2 за самохран родител

Правото на додаток на образование се користи за дете кое присуствува на најмалку 85% од вкупниот број на реализирани наставни часови и не користело додаток за образование за истата учебна година.

За приходи на вкупниот број на членови на домаќинството се сметаат:

1. Доход од работа;

2. Пензија остварена во Република Северна Македонија;

3. Доход од самостојна дејност;

4. Доход од авторски и сродни права;

5. Доход од продажба на сопствени земјоделски производи;

6. Доход од права од индустриска сопственост;

7. Доход од закуп и подзакуп;

8. Доход од капитал;

9. Капитални добивки;

10. Добивки од игри на среќа;

11. Доход од осигурување;

12. Друг доход;

13. Право на социјална сигурност за старите лица;

14. Паричен надоместок по основ на невработеност;

15. Воена инвалиднина;

16. Цивилна инвалиднина;

17. Законска издршка;

18. Родителски додаток за детe;

19. Финансиска поддршка од областа на земјоделството и руралниот развоj;

20. Траен надоместок;

21. Надоместок на плата за скратено работно време и

22. Додаток за образование на лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа.

Право на додаток за образование не може да оствари дете ако домаќинство поседува:

• друга семејна куќа или стан во која не живее или не ја користи за живеење;

• стан или куќа во градба;

• деловен простор;

• заштеди/штеден влог во вредност над 70.000 денари и

• хартии од вредност.

 

Како приход при остварување и користење на правото на додаток за образование не се сметаат:

1. гарантирана минимална помош,

2. надоместок за помош и нега од друго лице,

3. надоместок заради попреченост,

4. додаток за домување,

5. еднократна парична помош,

6. паричен надоместок за трошоците за сместено лице и надоместок за згрижување на лице во згрижувачко семејство,

7. еднократна парична помош за новороденче,

8. посебен додаток, детски додаток,

9. законска издршка за дете во висина до 6.000 денари,

10. надоместок за попишувач за изршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија на членовите на домаќинството во висина до 15.000 денари,

11. паричен надоместок што се исплаќа во рамки на ИПА проект, финансиран од Европска унија и спроведен во Министерството за труд и социјална политика

12. приход по основ на работно ангажирање за општинско корисна работа согласно програма од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување,

13. надоместок за посета на обука, остварен согласно програми/мерки од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување,

14. стипендија,

15. приход по основ на работно ангажирање за извршување на јавни работи, сезонски работи и други повремени работи согласно Законот за работните односи,

16. донации во согласност со Законот за донации,

17. надоместок за практична обука на ученици и практична настава на студенти,

18. надомест за практикантска работа согласно Законот за практиканство,

19. надоместок за волонтери согласно Законот за волонтерство,

20. финансиска помош добиена за лекување во земјата или во странство,

21. надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија,

22. пријавени или остварените нето приходи од продажба на сопствени земјоделски производи на сите членови на домаќинството во висина од 80% од остварениот доход во последните 12 месеци и

23. пријавени или остварени нето приходи од друг доход на сите чле- нови на домаќинството, во висина до 30.000 денари во последните 12 месеци

Правото на додаток за образование се остварува доколку детето:

• е запишано како редовен ученик во основно или средно училиште

• присуствува на најмалку 85% од вкупниот број на реализирани наставни часови и

• не користело додаток за образование за истата учебна година.

Право на додаток за образование има лице кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, а е запишано како редовен студент на некоја јавна образовна установа најдоцна до 26 годишна возраст.

Право на додаток за образование има лице кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, а е запишано на втор циклус магистерски студии на некоја јавна образовна установа најмногу до три години од денот на запишувањето, како и на докторски студии, но најмногу до шест години од денот на запишувањето. Годишниот износ на додатокот за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.400 (осум илјади и четиристотини) денари, (700 денари месечно), а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.000 (дванаесет илјади) дeнари (1000 денари месечно). 25 Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви из- носи од по 2.100 (две илјади и сто) денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.000 (три илјади) дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди.

Висината на додатокот за образование за лицето изнесува 1.600 (една илјада и шестотини) денари месечно доколку лицето користи гарантирана минимална помош, односно 5.600 (пет илјади и шестотини) денари месечно доколку лицето не користи гарантирана минимална помош и ако лицето нема приходи и имот од кој може да се издржува.

Лице кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, а е редовен ученик во средно училиште има право на додаток за образование.

Висина на додаток за образование за трите цуклуса изнесува 12.000 денари месечно ако лице користи социјален стан под закуп, односно 24.000 денари месечно ако лицето не користи социјален стан под закуп.

 

Исплатата на додатокот за образование се врши во следниве мерни периоди за исплата:

• за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната ка- лендарска година

, • за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,

• за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календар- ска година и

• за четвртиот мерен период во текот на месец јули во тековната календарска година.

Потребна документација за остварување и користење на правото на додаток за образование е:

1. Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот, државјанството и живеалиштето;

2. Извод од матичната книга на родените;

3. Извод од матичната книга на венчаните;

4. Извод од матичната книга на умрените;

5. Пресуда за развод на брак;

6. Уверение за остварени годишни приходи;

7. Имотен лист/потврда дека не поседува имот;

8. Потврда за остварени приходи од плата во Република Северна Македонија или странство;

9. Потврда за корисник на пензија остварена во Република Северна Македонија или странство;

10. Пресуда за определена законска издршка;

11. Договор за извршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија;

12. Потврда од банка за штеден влог;

13. Потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од вредност; Потребни документи за апликација

14. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за исплата на паричен надоместок по основ на невработеност;

15. Потврда за исплата на воена инвалиднина;

16. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина;

17. Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;

18. Доказ дека едниот родител е непознат;

19. Доказ дека едниот родител е исчезнат;

20. Доказ за временски период за издржување на казна затвор;

21. Доказ дека едниот родител е починат;

22. Потврда за детето/ученикот дека е запишан и е редовен ученик во основно училиште/средно училиште.

23. Доказ дека е на редовно школување во основно или средно образование во училишта во Република Северна Македонија верифицирани од Министерството за образование и наука и запишани во Централниот регистар на Република Северна Македонија и во регистарот на Министерството за образование и наука;

24. Доказ дека е сместен во установа за вон-семејна социјална заштита и во здравствена и друга установа со решение на центарот за социјална работа; и

25. Потврда за редовен студент.

Потребна документација кон барањето за остварување и користење на правото на додаток за образование за лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, е:

1. Важечка лична карта на подносителот на барањето, за докажување на идентитетот, државјанството и живеалиштето;

2. Извод од матичната книга на родените;

3. Извод од матичната книга на венчаните;

4. Извод од матичната книга на умрените;

5. Пресуда за развод на брак;

6. Уверение за остварени годишни приходи;

7. Имотен лист или потврда дека не поседува имот;

8. Потврда за остварен доход од работа во Република Северна Македонија или странство;

9. Потврда за корисник на пензија остварена во Република Северна Ма кедонија или странство;

10. Пресуда за определена законска издршка;

11. Договор за извршување на работи во врска со спроведувањето на По писот на населението, домаќинствата и становите во Република Се верна Македонија;

12. Потврда од банка за штеден влог;

13. Потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од вредност;

14. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Маке донија за исплата на паричен надоместок по основ на невработеност;

15. Потврда за исплата на воена инвалиднина

; 16. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина;

17. Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;

18.Доказ дека едниот родител е непознат;

19.Доказ дека едниот родител е исчезнат;

20.Доказ за временски период за издржување на казна затвор;

21.Доказ дека едниот родител е починат;

22. Потврда дека е редовен ученик во средно училиште;

23. Потврда за редовен студент.

Подносителот на барањето за остварување на правото на додаток за образование за лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа со писмена изјава ги потврдува приходите од доход од самостојна дејност, како и доколку поседува заштеди/штеден влог во вредност над 70.000 (седумдесет илјади) денари.

Подносителот на барањето корисник на гарантирана минимална помош за дете, кон барањето за остварување и користење на правото на додаток за образование за лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, поднесува:

1. Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството;

2. Потврда за редовен ученик.

Потребна документација за остварување на правото на додаток за образование за студент кој до 18 годишна возраст имал статус на дете без родители и родителска грижа:

1. Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот, државјанството и живеалиштето;

2. Доказ/решение дека до 18 годишна возраст имало статус на дете без ро- дители и родителска грижа од матичниот центар за социјална работа;

3. Потврда дека првпат е запишан на високообразовна установа;

4. Потврда за редовен студент; и

5. Соодветен доказ за користење на социјален стан под закуп (договор за користење на социјален стан под закуп од Министерство за транспорт и врски/доказ-потврда од Акционерското друштво за стопанисување и изградба на станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката Северна Македонија или изјава на записник дека не користи социјален стан под закуп, дадена на записник во центарот за социјална работа)

Исплатата на додатокот за образование се врши се додека детето го исполнува условот за присуство на најмалку 85% од вкупниот број на реализирани наставни часови за секој од мерните периоди, предвидени со овој закон.

Рокови и престанок на

Проверката на исполнетост на условот за исплата на додатокот за образование, се врши за секој од следниве мерни периоди:

• прв мерен период од 1 септември до 31 октомври во тековната календарска година,

• втор мерен период од 1 ноември до 31 декември во тековната календарска година,

• трет мерен период од 20 јануари до 31 март во наредна календарска година

• четврт мерен период од 1 април до крајот на наставната година. Рокови и престанок на правото 29

• Детето повеќе не е на средношколска возраст

• Детето го прекинало посетување на училиште

detski dodatok

Детски додаток

Детски додаток е право на детето и се обезбедува како паричен надоместок за покривање на дел од трошоците за подигање и развој на детето.

Повеќе...
Посебен додаток

Посебен додаток

Цел на ова право е да ги обезбеди основните финансиски средства за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или во интелектуалниот...

Повеќе...
Еднократна парична помош за новороденче

Еднократна парична помош за новороденче

Да обезбеди основни финансиски средства за опрема за првото и второ новородено дете.

Повеќе...
Родителски  Додаток

Родителски Додаток

Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за мајка или татко/старател кој/а/и имаат свое трето живородено дете.

Повеќе...
Додаток за образование

Додаток за образование

Додаток за образование се обезбедува заради покривање на дел од трошоците на домаќинството поврзани со образованието на децата.

Повеќе...
Партиципација

Партиципација

Во зависност од материјалната состојба на семејството се обезбедува партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на...

Повеќе...
Nov
17
2021