Еднократна парична помош за новороденче
Да обезбеди основни финансиски средства за опрема за првото и второ новородено дете.
Може да оствари семејство/еден од родителите на прво и второ живо новородено дете и посвоени деца на возраст до една година.
Право на еднократна парична помош за новороденче се остварува во случаи кога детето е прво новородено дете во семејството, или кога е посвоено, во случаи кога мајка при прво раѓање ќе роди близанци, тројка и повеќе.
Право на еднократна парична помош за новороденче родено на територијата на Република Северна Македонија има еден од родителите, државјанин на Република Северна Македонија, со постојано место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Македонија до денот на раѓањето на детето.
Вкупниот просечен приход на семејството на мајката по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето за остварување на користењето на правото и во текот на користењето на правото е понизок од висината на минималната нето плата утврдена за претходната година.
Еднократна парична помош за новороденче – не е врзана со приход и остварува секоја мајка за живородено прво или второ дете.
Еднократна за второ живородено дете изнесува 26,305 денари.
Еднократна за прво живродено е 6,575 денари
Потребни документи за апликација
Документација се поднесува во рок од 90 дена од раѓање на детето/децата, а се исплатува од денот на раѓање на детето/децата.
1. Важечка лична карта на мајката - се доставува на увид за докажувањена идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење намајката, односно адреса на живеење/престој доколку е различна одподатокот за адресата наведена во личната карта. Доколку подноси- тел на барањето е таткото/старателот се доставува важечка лична карта на мајката на детето на увид за докажување на постојаното местона живеење на мајката, а препис на извод од матична книга на умрените доколку мајката е почината и важечка лична карта на таткото/старателот на увид за докажување на идентитетот и државјанството; односно доказ/потврда издадена од Министерство за внатрешниработи доколку од важечката лична карта на мајката државјанин наРепублика Северна Македонија не може да се утврди дека е со постојано место на живеење од најмалку 12 месеци на територијата наРепублика Северна Македонија до денот на раѓањето на детето, од- носно за таткото/старателот доколку тој е подносител на барањето;
2. Мајчина книшка на увид за мајката со копија на страници 3, 5 и 7 илипотврда од избран лекар-специјалист по гинекологија и акушерствоза редот на раѓање на детето/децата, а за посвоено дете потврда декамајката нема прво/второ живородено дете.
3. За посвоено дете - доказ за ред на посвојување на детето/децата;
4. Препис на извод од матична книга на родени за детето/децата;
5. Важечка лична карта на таткото - се доставува само на увид за до- кажување на идентитетот, државјанството и постојаното место наживеење (во случај кога мајката не е државјанин на Република Север- на Македонија, а склучила брак со државјанин на Република СевернаМакедонија).
Барање за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче се поднесува поединечно за секое дете.
Рокови и престанок на правото
Во постапка за остварување право на еднократна парична помош за ново- роденче, центарот за социјана работа е должен да донесе решение во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето со потребната докумен- тација. По истекот на овој рок подносителот на барањето во рок од 5 дена има право да поднесе барање за донесување решение до директорот на центарот.
Директорот на центарот за социјална работа е должен во рок од 5 дена од приемот на барањето да донесе решение со кое ќе го уважи барањето. За еднократна парична помош за новороденче решава центарот за социјална работа надлежен за подрачјето на кое мајката има постојано место на жи- веење. Правото за остварување еднократна парична помош за првородено дете престанува со денот на исплатата на средствата, а со оглед на тоа што истото е еднократно право.
- Превземи baranje_za_epp_novo.pdf (1.67 MB)
Детски додаток
Детски додаток е право на детето и се обезбедува како паричен надоместок за покривање на дел од трошоците за подигање и развој на детето.
Посебен додаток
Цел на ова право е да ги обезбеди основните финансиски средства за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или во интелектуалниот...
Еднократна парична помош за новороденче
Да обезбеди основни финансиски средства за опрема за првото и второ новородено дете.
Родителски Додаток
Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за мајка или татко/старател кој/а/и имаат свое трето живородено дете.
Додаток за образование
Додаток за образование се обезбедува заради покривање на дел од трошоците на домаќинството поврзани со образованието на децата.
Партиципација
Во зависност од материјалната состојба на семејството се обезбедува партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на...