Партиципација
Во зависност од материјалната состојба на семејството се обезбедува партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на деца во јавна установа за деца.
Партиципацијата се обезбедува во цената на услугата по дете што ја плаќа родителот. Партиципацијата e ослободување на дел од цената што паѓа на товар на родителот во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на децата во јавните установи за деца.
Правото на партиципација се остварува за дете на кое материјалната сос тојба на семејството е нарушена поради претрпена природна непогода (по- жар, поплава, земјотрес и друго). Правото на партиципација во јавна установа за деца - детска градинка се остварува за дете од семејство на самохран родител (aко еден од родителите е починат или не е познат или му е одземено родителското право или ако од други причини едниот родител е спречен да го врши родителското право), со плата и други месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон.
Услови за пристап
Во зависност од материјалната состојба на семејството се обезбедува партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на деца во јавна установа за деца. Правото на партиципација се остварува за дете на кое материјалната состојба на семејството е нарушена поради претрпена природна непогода (пожар, поплава, земјотрес и друго).
Бенефиции
Висината на партиципацијата се утврдува за секој случај наведен и не може да изнесува помалку од 30%, но не повеќе од 100% од цената што паѓа на товар на родителот по дете, за трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на децата во јавните установи за деца.
Висината на партиципацијата се утврдува во зависност од настанатата состојба. Правото се остварува од денот на поднесување на барањето. Партиципацијата се обезбедува во цената на услугата по дете што ја плаќа родителот. Висината на партиципацијата за дете кое е згрижено во јавна установа за деца, се утврдува само за вкупниот број на денови на детето поминати во установата, согласно евиденцијата од книгата за присуство на деца и изнесува 100% од цената на услугата по дете што ја плаќа родителот. За остварување на правото на партиципација е надлежна да решава комисијата за прием на деца, именувана од директорот на јавната детска градинка согласно Законот.
Потребна документација
Барањето за остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување на дете во јавна установа за деца се поднесува до јавната установа во која детето престојува, односно во која детето е згрижено.
1. Правото на партиципација се остварува за дете на кое материјал- ната состојба на семејството е нарушена поради претрпена природ на непогода (пожар, поплава, земјотрес и друго). Висината на партиципацијата се утврдува во зависност од настанатата состојба.
Подносителот на барање – родител/старател за остварување на правото на партиципација приложува:
1. лична карта на подносителот на барањето на увид,
2. препис од извод на матична книга на родени на детето;
3. потврда од Центарот за социјална работа дека настапиле случаите на претрпена природна непогода (пожар, поплава, земјотрес и друго) поради кои е нарушена материјалната состојба на семејството. Правото на партиципација за дете кое е згрижено во јавна установа за деца не може да се остварува подолго од шест месеци.
2. Правото на партиципација во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст се обезбедува за самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош чии деца се згрижени во јавна установа за деца – детска градинка.
Родителот на детето за кое се остварува правото на партиципација во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст треба да е државјанин на Република Северна Македонија со постојано место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Македонија, до денот на поднесување на барањето.
Висината на правото на патиципација во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст е еднаква на цената на услугата во јавната установа за деца што ја плаќа родителот. Партиципацијата во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст се обезбедува од Буџетот на општината и општината на градот Скопје на чие подрачје е седиштето на установата. Барањето за остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување на дете во јавна установа за деца се поднесува до јавната установа во која детето престојува, односно во која детето е згрижено (со назнака за Комисија за прием на деца).
Барањето за остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување на дете во јавна установа за деца се поднесува до јавната уста нова во која детето е згрижено:
1. лична карта на подносителот на барањето на увид,
2. фотокопија од извод на матична книга на родени на детето (оригиналот се доставува на увид),
3. фотокопија од извод на матична книга на родени на родителот подносител на барање не постар од шест месеци
4. за разведен брак /вдовец-вдовица (оригиналот се доставува на увид),
5. доказ дека едниот родител е починат, фотокопија од извод на матична книга на умрени (оригиналот се доставува на увид)- за вдовец-вдовица, доказ од надлежен суд дека на другиот родител му е одземено родителското право,
6. доказ за исплатена нето плата на родителот во последните три месеци пред поднесување на барањето-од работодавецот,
7. за родител корисник на пензија, доказ за пензија (решение од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија),
8. за родител корисник на паричен надоместок за невработени лица (доказ од Агенција за вработување на Република Северна Македонија),
9. за родител корисник на гарантирана минимална помош (решение од надлежниот центар за социјални работи),
10. за родител корисник на стипендија (доказ за примена стипендија во последните три месеци пред поднесување на барањето),
11. за родител корисник на алиментација (доказ за примена алиментација во последните три месеци пред поднесување на барањето)
12. Доказ за остварени приходи на родителот во претходната година од Управата за јавни приходи.
Подносителот на барањето-родителот во зависност од статусот, приложува соодветна документација.
Рокови и престанок на правото
Од страна на јавната установа за деца – детската градинка, најдоцна 30 дена од денот на поднесување на барањето со потребната документација, се донесува решение за остварување на право на партиципација. Правото на партиципација се остварува од првиот ден на наредниот месец по поднесување на барањето.
Правото на партиципација се остварува од првиот ден на наредниот месец по поднесување на барањето. Од страна на јавната установа за деца –детската градинка, најдоцна 30 дена од денот на поднесување на барањето со потребната документација, се донесува решение за остварување на право на партиципација.
Правото на партиципација во горенаведените случаи за дете кое е згрижено во јавна установа за деца не може да се остварува подолго од шест месеци. По престанување на условите, поради кои е остварено правото, од страна на Центарот за социјална работа се известува јавната установа за деца дека престанале причините за остварување на правото. Правото на партиципација престанува наредниот месец од месецот во кој престанале причините, а по санирање на последиците од претрпена природна непогода (поради која е остварено), правото може да престане и пред истекот на утврдениот период.
Правото на партиципација за дете кое е згрижено во јавна установа за деца, се остварува се додека се исполнети условите врз основа на кои е остварено наведеното право, за што родителот најдоцна 15 дена пред истекот на периодот од шест месеци треба да достави ново барање за продолжување на правото со горенаведената соодветна документација. Ако настане промена во условите кои биле основ за остварување на ова право родителот треба писмено најдоцна 15 дена од денот на настанување на промената да ја извести јавната установа за деца-детска градинка, а правото ќе престане од денот на настанување на промената. Правото на партиципација престанува наредниот месец од месецот во кој престанале причините, а по санирање на последиците од претрпена природна непогода (поради која е остварено), правото може да престане и пред истекот на утврдениот период.
Детски додаток
Детски додаток е право на детето и се обезбедува како паричен надоместок за покривање на дел од трошоците за подигање и развој на детето.
Посебен додаток
Цел на ова право е да ги обезбеди основните финансиски средства за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или во интелектуалниот...
Еднократна парична помош за новороденче
Да обезбеди основни финансиски средства за опрема за првото и второ новородено дете.
Родителски Додаток
Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за мајка или татко/старател кој/а/и имаат свое трето живородено дете.
Додаток за образование
Додаток за образование се обезбедува заради покривање на дел од трошоците на домаќинството поврзани со образованието на децата.
Партиципација
Во зависност од материјалната состојба на семејството се обезбедува партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на...