Посебен додаток

Цел на ова право е да ги обезбеди основните финансиски средства за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или во интелектуалниот развој, или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот.

Може да го остваридете со посебни потреби:

• тешка, потешка или најтешка пречка во физичкиот развој;

• умерена, тешка или длабока ментална попреченост; најтешки облици на хронични заболувања; најтежок степен на оштетување на видот, слухот или на говорот, лице со аутизам и повеќе видови пречки (комбинирани) во развојот.

Право на посебен додаток остварува родителот или старателот на детето доколку и родителот (старателот) и детето се со постојано место на живеење во Република Северна Македонија и ако детето е државјанин на Република Северна Македонија, како и лице со статус на признаен бегалец и лице под супсидијарна заштита кое има дете со пречки во развојот и со посебни потреби.

Услови за пристап

- Правото се остварува независно од материјалната состојба на семејството, од бројот на децата во семејството и без разлика на тоа дали детето се школува.

- Наод и мислење за видот и степенот на попреченост во интелектуалниот или телесниот рзвој и специфични потреби на детето

- Одделението за работа со деца со пречки во психичкиот и во физичкиот развој на ЦСР треба да издаде Решение за категоризација од ЦСР и потврда дека детето не е институционално згрижено на товар на државата.

- Висината на посебен додаток изнесува 7.708 денари.

Износот на посебниот додаток  изнесува 11,561 денари за самохран родител кој има дете со попреченост до 26 годишна возраст.

Износот на посебниот додаток изнесува 9.634 денари за материјално необезбедени родители, односно кај корисници на Гарантирана минимална помош кои има/ат дете со попреченост до 26 годишна возраст.

Покрај правото на посебен додаток, родителот може да оствари и право на детски додаток доколку ги исполнува условите за остварување на правото на детски додаток предвидени во Законот за заштита на децата.

Потребни документи за апликација

1. Извод од матичната книга за родените за детето од кој ќе се утврди идржавјанството на детето;

2. Наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во интелектуалниот или телесниот развој и специфичните потреби на детето;

3. Решение за категоризација;

4. Доказ дека детето не е сместено во установа за вонсемејна социјалназаштита или друга установа со решение на центарот за социјална работа;

5. За самохран родител, доколку едниот родител е починат – извод одматична книга на умрените; за разведен брак – правосилна судскапресуда, доказ дека родителот не е во брачна заедница - препис наизвод од матична книга на родени не постар од шест месеци, или декародителот не е во вонбрачна заедница - изјава дека не е во вонбрачна заедница, доказ од надлежен суд дека едниот родител се води заисчезнат, а за родител кој се води за непознат препис на извод од матична книга на родените на детето;

6. За материјално необезбеден родител корисник на гарантирана минимална помош доказ дека е корисник на гарантирана минимална помош;

7. Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставувасамо на увид за докажување на идентитетот и живеалиштето;

8. За дете земено/ставено под старателство - Решение за старателство.

Решението важи додека лицето за кое се бара посебен додаток не наполни 26 години.

Центар за социјална работа го продолжува барањето по автоматизам. Ако во наодот и мислењето била препорачана по извесен период рекатегоризација, се поднесува нова документација.

 

 

Престанок на правото

Правото за посебен додаток се остварува од денот на поднесувањето на барањето. Корисникот на правото на посебен додаток е должен надлежниот центар за социјална работа да го извести за секоја промена на фактите и околностите кои биле основа за признавање на правото најдоцна во рок од 15 дена од денот кога настанале тие промени, во спротивно му престанува правото, како и во случај ако дал невистинити податоци.

По жалба против решението на центарот за социјална работа како првостепен орган решава министерството за труд и социјална политика како второстепен орган.

Центарот за социјална работа по службена должност повремено, а најмалку еднаш годишно го преиспитува постоењето на фактите и условите за стекнување и користење на правото за заштита на децата и доколку утврди дека истите се променети, донесува ново решение.

detski dodatok

Детски додаток

Детски додаток е право на детето и се обезбедува како паричен надоместок за покривање на дел од трошоците за подигање и развој на детето.

Повеќе...
Посебен додаток

Посебен додаток

Цел на ова право е да ги обезбеди основните финансиски средства за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или во интелектуалниот...

Повеќе...
Еднократна парична помош за новороденче

Еднократна парична помош за новороденче

Да обезбеди основни финансиски средства за опрема за првото и второ новородено дете.

Повеќе...
Родителски  Додаток

Родителски Додаток

Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за мајка или татко/старател кој/а/и имаат свое трето живородено дете.

Повеќе...
Додаток за образование

Додаток за образование

Додаток за образование се обезбедува заради покривање на дел од трошоците на домаќинството поврзани со образованието на децата.

Повеќе...
Партиципација

Партиципација

Во зависност од материјалната состојба на семејството се обезбедува партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на...

Повеќе...
Nov
15
2021