Родителски Додаток
Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за мајка или татко/старател кој/а/и имаат свое трето живородено дете.
Може да остварува мајка која родила и се грижи за своето трето дете. Во исклучителни случаи, носител на правото може да биде таткото и/или старателот.
Услови за пристап:
Мајка која е државјанин на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во последните три години пред поднесување на барањето. Мајка непосредно се грижи за детето за кое поднела барање, чии деца од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување и на која не и е одземено родителското право над децата од претходниот ред на раѓање. Во случај мајката да не е жива, да го напуштила детето, или од оправдани причини да е спречена непосредно да се грижи за детето, правото наместо мајката може да го оствари таткото или старателот доколку ги исполнува погоренаведените услови
Оправдани причини се:
• подолготрајно континуирано болничко лекување на мајката;
• сериозно нарушена здравствена состојба на мајката;
• студиски престој, усовршување и специјализација на мајката и
• одземена деловна способност на мајката
Бенефиции
Висината на правото на родителски додаток за дете ( трето дете) е 9,191 денари. Родителскиот додаток за трето дете се исплатува месечно, за период од десет години.
Потребни документaција :
Потребна документација за остварување и користење на правото на родителски додаток за дете, во случаите кога подносител на барањето за оства рување на правото на родителски додаток за дете е мајката:
1. Важечка лична карта на увид за утврдување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење во Република Северна Македонија последните три години пред поднесување на барањето, (а за мајките за кои од личната карта не може да се утврди дека се државјани на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во Република Северна Македонија последните три години пред поднесување на барањето и доказ со кој се потврдува, односно од кој може да се утврди дека се државјани на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во Република Северна Македонија последните три години пред поднесување на барањето);
2. Извод од матичната книга на родени за детето;
3. Изјава од мајката како подносител на барањето дека не живее и не работи во странство;
4. Изводи од матичната книга на родени за децата од претходниот ред на раѓање на мајката, а ако има починато дете/ца и препис на извод, односно изводи од матичната книга на умрените и изјава од мајката за редоследот на раѓања на децата, спрема датумот и часот на раѓањата, запишани во изводот од матичната книга на родени на детето, а ако има починато дете се наведува и датумот и часот на смртта на детето, запишани во изводот од матичната книга на умрени на детето;
5. Доказ дека децата од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување;
6. Доказ дека не и е одземено родителското право на мајката над децата од претходниот ред на раѓање;
7. Доказ за мајката за извршени здравствени прегледи и контроли за време на бременоста;
8. Доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се остварува правото согласно закон;
9. Потврда дека детето за кое се остварува правото е запишано и редовно ја следи наставата во основно училиште;
10. Потврда за вонредно продолжување на образованието за дете за кое се остварува правото и кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата;
11. Потврда за дете за кое се остварува правото дека поради видот и степенот на попреченост не може да се образува;
12. Извод од матичната книга на венчаните;
13. Извод од матичната книга на умрените;
14. Пресуда за развод на брак;
15. Уверение за остварени годишни приходи;
16. Имотен лист или потврда дека не поседува имот;
17. Потврда за остварен доход од работа во Република Северна Македонија или странство;
18. Потврда за корисник на пензија остварена во Република Северна Ма кедонија или странство;
19. Пресуда за определена законска издршка;
20. Договор за извршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Се верна Македонија;
21. Потврда од банка за штеден влог;
22. Потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од вредност;
23. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за исплата на паричен надоместок по основ на невработеност;
24. Потврда за исплата на воена инвалиднина;
25. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина.
26. Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;
27. Потврда за редовен студент; и
28. Договор за давање на земјоделско земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на плодоуживање.
Потребна документација за остварување и користење на правото на родителски додаток за дете, во случаите кога подносител на барањето за остварување на правото на родителски додаток за дете е таткото/ старателот:
1. Важечка лична карта на мајката на увид за утврдување на постојано место на живеење, односно доказ за постојано место на живеење за мајката, освен во случај мајката да не е жива;
2. Важечка лична карта на таткото, односно старателот на увид за утврдување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење во Република Северна Македонија последните три години пред поднесување на барањето, (а за татко односно старател за кој од личната карта не може да се утврди дека е државјанин на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во Република Северна Македонија последните три години пред поднесување на барањето и доказ со кој се потврдува, односно од кој може да се утврди дека е државјанин на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во Република Северна Македонија последните три години пред поднесување на барањето);
3. Препис на извод од матичната книга на родени за детето;
4. Препис на изводи од матичната книга на родени за децата од прет - ходниот ред на раѓање на мајката, а ако има починато дете/ца и пре- пис на извод, односно изводи од матичната книга на умрените и изја- ва од таткото, односно старателот за редоследот на раѓања на децата на мајката, спрема датумот и часот на раѓањата, запишани во изводот од матичната книга на родени на детето, а ако има починато дете се наведува и датумот и часот на смртта на детето, запишани во изводот од матичната книга на умрени на детето;
5. Доказ дека децата од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување;
6. Доказ дека не му е одземено родителското право на таткото односно старателот над децата од претходниот ред на раѓање, а за старателот и доказ дека не му е одземено старателското право;
7. Препис на извод од книгата на умрените во случај кога мајката е почината;
8. Доказ дека мајката го напуштила детето;
9. Потврда за подолготрајно континуирано болничко лекување на мајката;
10. Доказ за сериозно нарушена здравствена состојба на мајката, со оценка за нарушената здравствена состојба;
11. Доказ за студиски престој, усовршување и специјализација на мајката;
12. Доказ за одземена деловна способност на мајката;
13. Изјава од таткото, односно старателот како подносител на барањето дека не живее и не работи во странство;
14. Доказ за мајката за извршени здравствени прегледи и контроли за време на бременоста;
15. Доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се остварува правото согласно закон;
16. Потврда дека детето за кое е остварено правото е запишано и редов - но ја следи наставата во основно училиште;
17. Потврда за вонредно продолжување на образованието - за дете за кое е остварено правото и кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата;
18. Потврда за дете за кое е остварено правото дека поради видот и степенот на попреченоста не може да се образува;
19. Извод од матичната книга на венчаните;
20. Извод од матичната книга на умрените;
21. Пресуда за развод на брак;
22. Уверение за остварени годишни приходи;
23. Имотен лист или потврда дека не поседува имот;
24. Потврда за остварен доход од работа во Република Северна Македонија или странство;
25. Потврда за корисник на пензија остварена во Република Северна Македонија или странство;
26. Пресуда за определена законска издршка;
27. Договор за изршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија;
28. Потврда од банка за штеден влог;
29. Потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од вредност;
30. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Маке - донија за исплата на паричен надоместок по основ на невработеност;
31. Потврда за исплата на воена инвалиднина;
32. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина;
33. Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;
34. Потврда за редовен студент; и
35. Договор за давање на земјоделско земјиште во сопственост на Репу блика Северна Македонија на плодоуживање.
Рокови и престанак на право
Барањето за остварување на правото на родителски додаток за дете со потребната документација се поднесува до надлежниот центар за социјална работа, најдоцна до наполнети три месеци живот на детето и правото на родителски додаток за дете се остварува од денот на раѓањето на детето. Барањето за продолжување на правото на родителски додаток за дете за наредната година се поднесува до 31 март во таа година. Доколку барањето за продолжување на правото на родителски додаток за дете е поднесено после овој рок, барателот ќе се стекне со продолжување, односно користење на правото првиот ден на наредниот месец од месецот во кој е поднесено барањето за продолжување на правото.
Лицето кое користи право на РД-3 не може да оставува право на ГМП.
- Превземи izjava_za_rd.pdf (55.29 KB)
- Превземи izjava_rd.pdf (72.35 KB)
Детски додаток
Детски додаток е право на детето и се обезбедува како паричен надоместок за покривање на дел од трошоците за подигање и развој на детето.
Посебен додаток
Цел на ова право е да ги обезбеди основните финансиски средства за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или во интелектуалниот...
Еднократна парична помош за новороденче
Да обезбеди основни финансиски средства за опрема за првото и второ новородено дете.
Родителски Додаток
Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за мајка или татко/старател кој/а/и имаат свое трето живородено дете.
Додаток за образование
Додаток за образование се обезбедува заради покривање на дел од трошоците на домаќинството поврзани со образованието на децата.
Партиципација
Во зависност од материјалната состојба на семејството се обезбедува партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на...