ОБУКИ

Обуките имаат за цел да ги подобрат вештините и квалификациите на невработените лица за нивна поуспешна интеграција на пазарот на труд.

Мерка Обука на работно место за познат работодавач

Цел на мерката:

  • Целта на мерката е стекнување на вештини на невработените лица за извршување на работните задачи во согласност со потребите на работодавачот 

Целна група:

  • Eвидентирани невработени лица од евиденцијата на АВРСМ

Висина на финансиската поддршка:

  • Лица што ќе посетуваат обука ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход за  времетраењето на обуката до 3 месеци.
  • Надоместоците кон невработените лица ќе бидат исплатени од страна на АВРСМ.
  • На работодавачот ќе му биде исплатен еднократен износ од 15.000 денари по обучено лице по завршена обука.

Корисници:

  • Невработени лица од евиденција на АВРСМ
  • Работодавачи

Начин на пријавување:

  • За работодавачи:
    • Јавен повик/Известување,
    • Пријава за учество во програмата,
    • Програма за обука
  • За невработени лица:
    • Известување,
    • Пребарување од евиденцијата на невработени лица,врз основа на профилирање и ИПВ.

Мерка: Обука за стручни квалификации според барање на работодавачите

Цел на мерката:

Целта на мерката е да се обезбеди обука за стручни квалификации спроведени од верификувани обучувачи според барањата на работодавачите. Обуката ќе се реализира во тесна соработка со работодавачите и спроведувачите на обуката.

Целна група: Невработени лица од евиденцијата на АВРСМ

Висина на финансиската поддршка:

  • Лица што ќе посетуваат обука прекумерката ќе добијат месечен надоместок во висина од 9.000 денари, со вклучено осигурување во случај на несреќа на работно место и данок на личен доход за времетраењето на обуката од 2 до 4 месеци. Работодавачот може преку кофинансирање да го зголеми износот од месечниот надоместок за времетраењето на обуката, што соодветно ќе се рефлектира во договорот. Спроведувачите на обука ќе добијат надоместок во висина до 30.000 денари за лице на обука.

Корисници:

  • Невработени лица од евиденција на АВРСМ
  • Работодавачи

Начин на пријавување:

  • За работодавачи:
    • Јавен повик/Известување, Пријава за учество во програмата
  • За невработени лица:
    • Известување,
    • Пријава и Изјава за согласност,
    • Пребарување од евиденцијата на невработени лица,врз основа на профилирање и ИПВ.

Спроведувачи на обука:

  • Од регистарот на верификувани спроведувачи на ЦОВ и МОН.
  • Од евиденцијата на МОН за средни стручни училишта со верификувана програма за обука.

Критериуми:

  • За работодавачи:
    • Обезбедување простории/капацитети, опрема за реализација на обуката 
  • За спроведувачите на обука:
    • Важечка верификација за реализација на обука и/или профил на занимање од потребната струка
  • За невработени лица:
    • Селекцијата на невработени лица од евиденцијата на АВРСМ ја врши работодавачот
-
Паричен надоместок во случај на невработеност

Паричен надоместок во случај на невработеност

Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните...

Повеќе...
Младински додаток

Младински додаток

Цел е поттикнување на младите лица да се вклучат на пазарот на труд во производствена дејност, а преку финансиската поддршка да се обезбеди...

Повеќе...
ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ (ПРЕТПРИЕМНИШТВО)

ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ (ПРЕТПРИЕМНИШТВО)

Програмата за самовработување е поддршка наменета за невработените лица за да започнат сопствен бизнис.

Повеќе...
ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

Поддршката за креирање нови работни места ќе влијае врз поттикнување на вработувањето на невработените лица во микро, мали и средни претпријатија...

Повеќе...
ОБУКИ

ОБУКИ

Обуките имаат за цел да ги подобрат вештините и квалификациите на невработените лица за нивна поуспешна интеграција на пазарот на труд.

Повеќе...
ПРАКТИКАНТСТВО

ПРАКТИКАНТСТВО

Цел на мерката Стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места.

Повеќе...
ПРОГРАМА ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ

ПРОГРАМА ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ

Програмата обезбедува социјална вклученост на потешко вработливи лица заради стекнување на одредени вештини и нивно постепено вклучување на пазар...

Повеќе...
ЕКОНОМИЈА НА ГРИЖА

ЕКОНОМИЈА НА ГРИЖА

Програмата обезбедува вклучување на невработени лица заради стекнување на знаења, вештини и компетенции за обезбедување на услуги на грижа во...

Повеќе...
УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги обезбедува следните услуги:

Повеќе...
Гаранција за млади

Гаранција за млади

Мерката Гаранција за млади им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (...

Повеќе...
Nov
29
2021