Паричен надоместок во случај на невработеност

Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци.

Право на паричен надоместок има невработено лице за времето поминато во работен однос, за кое се уплатувани придонеси од задолжително социјално осигурување и тоа:

  • во работен однос со полно работно време;
  • во работен однос со неполно работно време, пресметано во полно работно време;
  • во работен однос на определено време (сезонска работа) подолго од 40 часа во неделата, ако тоа време му е пресметано во работен стаж и
  • за работа во странство.

Надоместокот се исплатува согласно годините работен стаж. На пример, паричен надоместок се исплатува 1 месец, ако лицето има стаж на осигурување најмалку 9 месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Ако лицето има стаж од 10 до 12,5 години, надоместокот се исплатува 6 месеци, а доколку има стаж над 25 години - 12 месеци.  

Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеци. Паричниот надоместок не може да изнесува повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена за последниот месец.

Граѓаните што останале без работа поднесуваат барање во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.

Право на паричен надоместок не може да оствари невработено лице на кое работниот однос му престанал поради:

  • давање писмена изјава на работникот дека сака да му престане работниот однос, освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак;
  • спогодбено престанување на работниот однос;
  • остварува права од работен однос спротивно на закон;
  • престанок на работен однос по сила на закон, освен во случај на престанок на правното лице поради стечај;
  • неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година;
  • престанокот на работниот однос со отказ од страна на работодавач за кршење на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор и договор за работа;
  • одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон;
  • одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавач во согласност со закон;
  • одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавач, што му се обезбедува во согласност со закон;
  • губење на работната способност согласно со прописите за пензиското и инвалидското осигурување и
  • исполнување услови за остварување право на пензија.

Детални информации може да се најдат на страницата на Агенцијата за вработување: https://av.gov.mk/paricen-nadomestok.nspx

Паричен надоместок во случај на невработеност

Паричен надоместок во случај на невработеност

Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните...

Повеќе...
Младински додаток

Младински додаток

Цел е поттикнување на младите лица да се вклучат на пазарот на труд во производствена дејност, а преку финансиската поддршка да се обезбеди...

Повеќе...
ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ (ПРЕТПРИЕМНИШТВО)

ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ (ПРЕТПРИЕМНИШТВО)

Програмата за самовработување е поддршка наменета за невработените лица за да започнат сопствен бизнис.

Повеќе...
ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

Поддршката за креирање нови работни места ќе влијае врз поттикнување на вработувањето на невработените лица во микро, мали и средни претпријатија...

Повеќе...
ОБУКИ

ОБУКИ

Обуките имаат за цел да ги подобрат вештините и квалификациите на невработените лица за нивна поуспешна интеграција на пазарот на труд.

Повеќе...
ПРАКТИКАНТСТВО

ПРАКТИКАНТСТВО

Цел на мерката Стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места.

Повеќе...
ПРОГРАМА ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ

ПРОГРАМА ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ

Програмата обезбедува социјална вклученост на потешко вработливи лица заради стекнување на одредени вештини и нивно постепено вклучување на пазар...

Повеќе...
ЕКОНОМИЈА НА ГРИЖА

ЕКОНОМИЈА НА ГРИЖА

Програмата обезбедува вклучување на невработени лица заради стекнување на знаења, вештини и компетенции за обезбедување на услуги на грижа во...

Повеќе...
УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги обезбедува следните услуги:

Повеќе...
Гаранција за млади

Гаранција за млади

Мерката Гаранција за млади им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (...

Повеќе...
Nov
13
2021