ПРОГРАМА ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ
Програмата обезбедува социјална вклученост на потешко вработливи лица заради стекнување на одредени вештини и нивно постепено вклучување на пазар на труд, преку имплементација на општински проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.
Мерка Јавни работи
Цел на мерката:
- Вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво
Целна група:
- Невработени лица од евиденцијата на АВРСМ
Висина на финансиската поддршка:
- 400 денари по работно ангажирано лице - дневно со вклученданок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. Работното ангажирање може да биде реализирано во еден циклус годишно, во времетраење од 22 работни дена.
Корисници:
- Невработени лица од евиденција на АВРСМ со ниски квалификации, со приоритет на лица на кои што ќе им се реши статусот со лична документација Единици на локалната самоуправа и Град Скопје
Начин на пријавување:
- За општините:
- Јавен повик,
- Пријава и Апликација во која е образложена програмата за изведување јавни работи
- За невработени лица:
- Известување и пребарување од евиденција на невработени лица на АВРСМ,
- Изјава за согласност
- Селектирана програма за извршување јавни работи од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво.
- За невработени лица:
- За времетраење на јавните работи кандидатот е должен: да биде редовен и да ги извршува доделените работни задачи; во случај на спреченост за присуство на работното место, во рок од 24 часа да го извести работодавачот за причината поради која отсуствува и да донесе документ за оправдување; да биде дисциплиниран и да го почитува пропишаниот ред и го чува имотот, средствата за работа и совесно да ракува со доверените материјали; во случај да направи штета кај изведувачот на работите за време на изведувањето на јавните работи, а поради несовесно однесување или крајно невнимание, должен е истата да ја надомести.
- Редовно да се јавуваат на работното место и Центарот за вработување
Паричен надоместок во случај на невработеност
Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните...
Младински додаток
Цел е поттикнување на младите лица да се вклучат на пазарот на труд во производствена дејност, а преку финансиската поддршка да се обезбеди...
ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ (ПРЕТПРИЕМНИШТВО)
Програмата за самовработување е поддршка наменета за невработените лица за да започнат сопствен бизнис.
ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА
Поддршката за креирање нови работни места ќе влијае врз поттикнување на вработувањето на невработените лица во микро, мали и средни претпријатија...
ОБУКИ
Обуките имаат за цел да ги подобрат вештините и квалификациите на невработените лица за нивна поуспешна интеграција на пазарот на труд.
ПРАКТИКАНТСТВО
Цел на мерката Стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места.
ПРОГРАМА ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ
Програмата обезбедува социјална вклученост на потешко вработливи лица заради стекнување на одредени вештини и нивно постепено вклучување на пазар...
ЕКОНОМИЈА НА ГРИЖА
Програмата обезбедува вклучување на невработени лица заради стекнување на знаења, вештини и компетенции за обезбедување на услуги на грижа во...
УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги обезбедува следните услуги:
Гаранција за млади
Мерката Гаранција за млади им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (...