ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА
Поддршката за креирање нови работни места ќе влијае врз поттикнување на вработувањето на невработените лица во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија што примарно се насочени кон социјални/општествени цели и чиј профит се реинвестира за остварување на тие цели низ деловно работење или вложување во заедницатаи граѓански (непрофитни) организации што се занимаваат со економска активност при вршење на дејност,т.е активност класифицирана според Националната класификација на дејности со која организациите ги остваруваат своите цели утврдени со статутот.
Мерка Субвенционирање на плати:
Цел на мерката:
- Поддршка за вработување на невработени лица кои потешко се вклучуваат во пазарот на трудот;
Целна група:
- Невработени лица евидентирани во АВРСМ, кои потешко се вклучуваат во пазарот на трудот:
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);
- млади лица до 29 годинилица постари од 50 години;
- невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на КоронавирусотCOVID -19;
- повратници од странство поради кризата предизвикана од од коронавирусот COVID-19;
- лица корисници на гарантирана минимална помош;
- лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;
- лица што имале статус на деца без родители и родителска грижа;
- жртви на семејно насилство;
- лица со попреченост;
- жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници;
- лица припадници на ромската етничка заедница;
- лица на кои им е решен статусот со лична документација;
- самохрани родители;
- родители на деца со пречки во развојот1;
- родители на 3 и повеќе деца;
- родители на деца на улица;
- осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа;
- бездомни лица;
- лица со незавршено средно или пониско образование;
Опфат на мерката:
- Времетраење на субвенционирањето 3,6 или 12 месеци
- 19.000 денари месечно како субвенција на платата на вработеното лице за период од 3,6 или 12 месеци за вработување на лица од целните групи.
- Работодавачот може да му исплати на работникот и повисока плата.
- Вкупната финансиска поддршка за едно лице за период од 3 месеци изнесува 57.000 денари - за 6 месеци изнесува 114.000 денари и за 12 месеци изнесува 228.000 денари.
- Средствата се исплаќаат еднократно за целиот период на субвенционирање, по реализацијата на вработувањето со полно работно време, во согласност со одредбите и условите наведени во Договорот за субвенција.
Корисници:
- Микро, мали и средни фирми, социјални претпријатија и граѓански (непрофитни) организации што се занимаваат со економска активност при вршење на својата дејност.
- Нови претпријатија основани преку Програмата за Самовработување во 2020 година.
- Невработени лица.
Начин на пријавување:
- За работодавачи:
- Јавен повик/Известување, Пријава за учество и Барање за посредување при вработување.
- За невработени лица:
- Известување, Пребарување од евиденцијата на невработени лица
- За работодавачи:
- Работодавачот што вработува невработено лице е должен да го задржи лицето во вкупен работен однос од:
- 9 месеци,за 3 месеци субвенционирање;
- 18 месеци, за 6 месеци субвенционирање;
- 18 месеци, за 12 месеци субвенционирање (за корисници на гарантирана минимална помош, невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот послe 11.3.2020 година поради Коронавирусот COVID- 19 и Роми) и
- 30 месеци,за 12 месеци субвенционирање.
- Работодавачот што вработува невработено лице е должен да го задржи лицето во вкупен работен однос од:
Паричен надоместок во случај на невработеност
Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните...
Младински додаток
Цел е поттикнување на младите лица да се вклучат на пазарот на труд во производствена дејност, а преку финансиската поддршка да се обезбеди...
ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ (ПРЕТПРИЕМНИШТВО)
Програмата за самовработување е поддршка наменета за невработените лица за да започнат сопствен бизнис.
ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА
Поддршката за креирање нови работни места ќе влијае врз поттикнување на вработувањето на невработените лица во микро, мали и средни претпријатија...
ОБУКИ
Обуките имаат за цел да ги подобрат вештините и квалификациите на невработените лица за нивна поуспешна интеграција на пазарот на труд.
ПРАКТИКАНТСТВО
Цел на мерката Стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места.
ПРОГРАМА ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ
Програмата обезбедува социјална вклученост на потешко вработливи лица заради стекнување на одредени вештини и нивно постепено вклучување на пазар...
ЕКОНОМИЈА НА ГРИЖА
Програмата обезбедува вклучување на невработени лица заради стекнување на знаења, вештини и компетенции за обезбедување на услуги на грижа во...
УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги обезбедува следните услуги:
Гаранција за млади
Мерката Гаранција за млади им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (...