Детски додаток
Детски додаток е право на детето и се обезбедува како паричен надоместок за покривање на дел од трошоците за подигање и развој на детето.
Може да го оствари дете до наполнување 18 години живот, а живее во домаќинство кое не поседува имот и имотни права од кои може да се издржува и доколку е на редовно школување.
Помошта ја остварува еден од родителите на детето, старателот или лицето на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа детето му е доверено на чување и воспитување и живее во семејството под услови утврдени со овој закон.
Правото за детски додаток се остварува од денот на поднесувањето на барањето.
Услови за пристап
- На дете кое живее во домаќинство со постојано место на живеење во Република Северна Македонија и доколку домаќинството не поседува имот и имотни права од кои може да се издржува и е во редовно школување во РСМ.
- Странски државјанин кој има живеалиште и регулиран постојан престој во Република Северна Македонија согласно со закон и меѓународните договори ратификувани согласно со Уставот на Република Северна Македонија последните три години пред поднесување на барањето.
- Право на детски додаток се обезбедува и на детe од домаќинство кое остварило, односно користи право на Гарантирана минимална помош согласно со Законот за социјална заштита.
Право на детски додаток има дете во семејство чии вкупни просечни месечни приходи остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите членови во домаќинството се во висина до прагот за пристап на правото на детски додаток, кој е поставен на 6.800 (шест илјади и осумстотини) денари, а кој се зголемува за секој член на домаќинството за коефициент од еквивалентната скала, а најмногу за вкупно осум члена во домаќинството, и тоа за:
• вториот член за коефициент од 0,5
• третиот член за коефициент од 0,4
• четвртиот член за коефициент од 0,4
• петтиот член за коефициент од 0,2
• шестиот член за коефициент од 0,1
• седмиот член за коефициент од 0,1
• осмиот член за коефициент од 0,1.
• ЕКВИВАЛЕНТНАТА СКАЛА се зголемува дополнително за 1,2 за самохран родител. Така на пример, за тричлено домаќинство вкупните просечни месечни приходи остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите членови во домаќинството не смеат да го надминат износот од 12.920 денари, за четиричлено домаќинство 15.640 денари, за петчлено домаќинство 17.000 денари, за шестчлено домаќинство 17.680 денари, за седумчлено 18.360 денари, а за осумчлено 19.040,00 денари. Кај тричлено домаќинство со еден самохран родител прагот за пристап изнесува 21.080 денари, кај петочлено домаќинство со еден самохран родител прагот за пристап изнесува 25,160 денари.
При утврдување на висината на прагот за пристап на правото на детски додаток, за член на домаќинство или семејство не се смета лице кое е:
- на издржување казна затвор подолго од 30 дена
- со решение на центарот за социјална работа е сместено во установа за вон-семејна социјална заштита, или е сместено во здравствена или друга установа за период додека трае сместувањето и
- сторител на семејно насилство.
За вкупни просечни месечни приходи на сите членови на домаќинството се сметаат:
1. Доход од работа;
2. Пензија остварена во Република Северна Македонија;
3. Доход од самостојна дејност;
4. Доход од авторски и сродни права;
5. Доход од продажба на сопствени земјоделски производи;
6. Доход од права од индустриска сопственост;
7. Доход од закуп и подзакуп;
8. Доход од капитал;
9. Капитални добивки;
10. Добивки од игри на среќа;
11. Доход од осигурување;
12. Друг доход;
13. Право на социјална сигурност на старите лица;
14. Паричен надоместок по основ на невработеност;
15. Воена инвалиднина;
16. Цивилна инвалиднина;
17. Законска издршка;
18. Родителски додаток за детe;
19. Финансиска поддршка од областа на земјоделството и руралниот развоj;
20. Траен надоместок;
21. Надоместок на плата за скратено работно време, и
22. Додаток за образование на лице кое до 18 годишна возраст ималостатус на дете без родители и родителска грижа.
Право на детски додаток не може да се оствари за дете ако домаќинството поседува:
1. Друга семејна куќа или стан во која не живее или не ја користи за живеење;
2. Стан или куќа во градба;
3. Деловен простор;
4. Заштеди/штеден влог во вредност над 70.000 денари и
5. Хартии од вредност.
Како приход, при остварување и користење на правото на детски додаток, не се смета:
1. Надоместок за помош и нега од друго лице;
2. Надоместок заради попреченост;
3. Додаток за домување;
4. Еднократна парична помош;
5. Паричен надоместок за трошоците за сместено лице и надоместок за згрижување на лице во згрижувачко семејство;
6. Еднократна парична помош за новороденче;
7. Посебен додаток;
8. Гарантирана минимална помош;
9. Додаток за образование (за основно и/или средно образование);
10. Надоместок за попишувач за изршување на работи во врска соспроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата истановите во Република Северна Македонија на членовите на домаќинството во висина до 15.000 денари;
11. Паричен надоместок што се исплаќа во рамки на ИПА проект, финансиран од Европска унија и спроведен во Министерството затруд и социјална политика;
12. Приход по основ на работно ангажирање за општинско кориснаработа согласно програма од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување;
13. Надоместок за посета на обука, остварен согласно програми/меркиод Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување;
14. Стипендија;
15. Приход по основ на работно ангажирање за извршување на јавни работи, сезонски работи и други повремени работи согласно Законот за работните односи;
16. Донации во согласност со Законот за донации;
17. Надоместок за практична обука на ученици и практична наставана студенти;
18. Надомест за практикантска работа согласно Законот за практиканство;
19. Надоместок за волонтери согласно Законот за волонтерство;
20. Финансиска помош која се користи за лекување во земјата или востранство;
21. Надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;
22. Пријавени или остварените нето приходи од доход од продажбана сопствени земјоделски производи на сите членови на домаќинството во висина до 300.000 денари, а над овој износ, во висина од80% од остварениот доход во последните 12 месеци;
23. Пријавени или остварените нето приходи од друг доход на ситечленови на домаќинството, во висина до 30.000 денари во последните 12 месеци; и
24. Законска издршка за дете во висина до 6.000 денари
При остварување и користење на право на детски додаток за дете од домаќинство кое остварило, односно користи право на гарантирана минимална помош согласно Законот за социјалната заштита, не се утврдува материјалната состојба на домаќинството.
Доколку во семејството има дете на училишна возраст висината на детскиот додаток за едно дете изнесува 1.000 (една илјада) денари месечно, а за две и повеќе деца во семејството изнесува 1.600 (една илјада и шестотини) денари месечно за сите деца.
Доколку во семејството има дете кое не е на училишна возраст висината на детскиот додаток за едно дете изнесува 1.200 денари (една илјада и двеста) денари месечно, а за две и повеќе деца изнесува 1.900 (една илјада и деветстотини) денари месечно за сите деца.
Доколку во семејството има две и повеќе деца, и доколку децата не се на училишна возраст, висината на детскиот додаток за сите деца изнесува 1.600 (една илјада и шестотини) денари месечно.
Потребна документација за остварување и користење на правото на детски додаток за сите членови на домаќинството, е:
1. Важечка лична карта на подносителот на барањето, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот, државјанството иживеалиштето;
2. Извод од матичната книга на родените;
3. Извод од матичната книга на венчаните;
4. Извод од матичната книга на умрените;
5. Пресуда за развод на брак;
6. Уверение за остварени годишни приходи;
7. Имотен лист или потврда дека не поседува имот;
8. Потврда за остварен доход од работа во Република Северна Македонија или странство;
9. Потврда за корисник на пензија остварена во Република СевернаМакедонија или странство;
10. Пресуда за определена законска издршка;
11. Договор за извршување на работи во врска со спроведувањето наПописот на населението, домаќинствата и становите во РепубликаСеверна Македонија;
12. Потврда од банка за штеден влог;
13. Потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии одвредност;
14. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за исплата на паричен надоместок по основ на невработеност;
15. Потврда за исплата на воена инвалиднина;
16. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина;
17. Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани собезбедноста и oдбраната на Република Северна Македонија;
18. Доказ дека едниот родител е непознат;
19. Доказ дека едниот родител е исчезнат;
20. Доказ за временски период за издржување на казна затвор;
21. Доказ дека едниот родител е починат;
22. Доказ дека е сместен во установа за вонсемејна социјална заштита иво здравствена и друга установа со решение на центарот за социјална работа;
23. Доказ дека едниот родител живее во брачна или вонбрачна заедница и
24. Потврда за редовен студент
Престанок на правото
Жалба на решение донесено од центарот за социјална работа со кое не се признава или се укинува правото од областа на детската заштита во конкретниот случај на детски додаток се поднесува преку надлежниот центар до Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. Жалбата се поднесува во два примероци со докази со кој се оспоруваат фактите кои влијаеле центарот да го донесе решението за престанок на правото. Жалителот во жалбата може да изнесува и нови факти и да приложи нови докази кои не биле земени во предвид при решавањето од страна на центарот. Министерството е должно во рок од 60 дена да одлучи по жалбата.
Жалбата не го одложува од извршување донесеното решение, меѓутоа ако жалбата се усвои од страна на Министерството за труд и социјална политика и се поништи донесеното решение и предметот се врати на повторно одлучување со напатствија за утврдување нова фактичка состојба, центарот за социјална работа е должен да постапи по насоките и да донесе решение за признавање на правото. Во овој случај правото се признава од месецот од кога истото било укинато и на корисникот ќе му се исплатат средствата во полн износ ретроактивно. Ако министерот не ја усвои жалбата и го потврди донесеното решение, против второстепеното решение странката има право на Тужба до Управниот суд на РСМ во рок од 30 дена од приемот на решението.
Корисникот на правото на детски додаток е должен надлежниот центар за социјална работа да го извести за секоја промена на фактите и околностите кои биле основа за признавање на правото најдоцна во рок од 15 дена од денот кога настанале тие промени, во спротивно му престанува правото, како и во случај ако дал невистинити податоци.
Кога на домаќинството ќе му престане правото на гарантирана минимална помош согласно со Законот за социјалната заштита, центарот за социјална работа по службена должност преиспитува дали се исполнети условите за продолжување на користење на правото на детски додаток.
- Превземи e-help_platforma_nasoki.docx (5.41 MB)
Детски додаток
Детски додаток е право на детето и се обезбедува како паричен надоместок за покривање на дел од трошоците за подигање и развој на детето.
Посебен додаток
Цел на ова право е да ги обезбеди основните финансиски средства за дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или во интелектуалниот...
Еднократна парична помош за новороденче
Да обезбеди основни финансиски средства за опрема за првото и второ новородено дете.
Родителски Додаток
Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за мајка или татко/старател кој/а/и имаат свое трето живородено дете.
Додаток за образование
Додаток за образование се обезбедува заради покривање на дел од трошоците на домаќинството поврзани со образованието на децата.
Партиципација
Во зависност од материјалната состојба на семејството се обезбедува партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на...