ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ (ПРЕТПРИЕМНИШТВО)

Програмата за самовработување е поддршка наменета за невработените лица за да започнат сопствен бизнис.

Наслов на мерката 1. Поддршка за самовработување (претприемништво)

Цел на мерката: Поддршка за невработените да започнат сопствен бизнис;

Целна група: Невработени лица евидентирани во АВРСМ;

Висина на финансиската поддршка: До 307.500 денари или до 615.000 денари (доколку се основа правен субјект од два содружника).

Корисници:

  • Невработени млади лица до 29 години;
  • Невработени лица со попреченост;
  • Невработени лица;
  • Невработени жени од ранливи категории маргинализирани лица:
  • Невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис;
  • Невработени лица Роми;
  • Невработени лица поради корона вирус

Начин на пријавување:

  • Јавен повик/Известување,
  • Повикување од евиденцијата на невработени лица,
  • Пријава и Прашалник за процена на претприемачки афинитети.

Критериуми Учеството во програмата и селекцијата на кандидатите ќе се врши на конкурентска основа, согласно следните критериуми:

  • Успешно пополнет прашалник;
  • Изработен проширен бизнис план (со посебен осврт на анализа на конкуренцијата и SWOT анализа на кандидатот) со советодавна поддршка;
  • Позитивно оценет бизнис план од експертска комисија;
  • Лицата со попреченост кои ќе бидат селектирани за регистрација на правен субјект со поддршка на програмата, ќе добијат можност да следат on-line обука за „Претприемништво и развој на претприемачки вештини“;

Фирмите основани од лицата со попреченост, доколку имаат селектиран одржлив бизнис план кој предвидува дополнително вработување, ќе се поддржат со дополнително вработување;

Програмата ќе се реализира при што ќе се води сметка за регионалната застапеност дефинирана во оперативните упатства. Менторска поддршка за лица со попреченост од најмалку 120 часа за развој на позитивно оценетите Бизнис планови.

-
Паричен надоместок во случај на невработеност

Паричен надоместок во случај на невработеност

Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните...

Повеќе...
Младински додаток

Младински додаток

Цел е поттикнување на младите лица да се вклучат на пазарот на труд во производствена дејност, а преку финансиската поддршка да се обезбеди...

Повеќе...
ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ (ПРЕТПРИЕМНИШТВО)

ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ (ПРЕТПРИЕМНИШТВО)

Програмата за самовработување е поддршка наменета за невработените лица за да започнат сопствен бизнис.

Повеќе...
ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

Поддршката за креирање нови работни места ќе влијае врз поттикнување на вработувањето на невработените лица во микро, мали и средни претпријатија...

Повеќе...
ОБУКИ

ОБУКИ

Обуките имаат за цел да ги подобрат вештините и квалификациите на невработените лица за нивна поуспешна интеграција на пазарот на труд.

Повеќе...
ПРАКТИКАНТСТВО

ПРАКТИКАНТСТВО

Цел на мерката Стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места.

Повеќе...
ПРОГРАМА ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ

ПРОГРАМА ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ

Програмата обезбедува социјална вклученост на потешко вработливи лица заради стекнување на одредени вештини и нивно постепено вклучување на пазар...

Повеќе...
ЕКОНОМИЈА НА ГРИЖА

ЕКОНОМИЈА НА ГРИЖА

Програмата обезбедува вклучување на невработени лица заради стекнување на знаења, вештини и компетенции за обезбедување на услуги на грижа во...

Повеќе...
УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги обезбедува следните услуги:

Повеќе...
Гаранција за млади

Гаранција за млади

Мерката Гаранција за млади им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (...

Повеќе...
Nov
29
2021