УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги обезбедува следните услуги:
1.ПОМОШ ПРИ БАРАЊЕ РАБОТА
Услугата опфаќа профилирање и подготовка на Индивидуален план за вработување, советување за вработување, обезбедување информации за состојбите и барањата на пазарот на трудот, односно слободните работни места, како и информации за активните програми и мерки за вработување и услугите што ги обезбедува АВРСМ. Дополнително, центрите за вработување нудат помош на невработените лица за изработка на CV и мотивациско писмо, зајакнување на вештините за успешно претставување пред работодавачите на интервју за работа, преку информирање и советување, и вршат едукација за користење на онлајн услугите на АВРСМ преку веб порталот на АВРСМ, како и организирање на инфо- средби за млади и за други невработени лица и др.
2.МОТИВАЦИСКИ ОБУКИ
Мотивациските обуки ќе бидат организирани како еднодневни обуки во центрите за вработување, кои имаат за цел поголема информираност, како и мотивираност за вклучување во активните програми и мерки за вработување. Мотивирањето на невработените лица активно да бараат работа ќе се реализира и преку индивидуален приод, доколку невработените лица искажат потреба од дополнителна поддршка и советување.
3.ОБУКИ „ПОДГОТОВКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ЗА РАБОТА“
Услугата опфаќа спроведување на обуки за млади невработени лица до 29 години според програмата „Подготовка за вработување и за работа“ која ги опфаќа следните модули: воведен модул, личен развој, вештини за барање работа, комуникациски вештини, соодветно однесување на работното место, тимска работа и лидерство, безбедност, права и обврски на работа и финансиски вештини.
Истите ќе се реализираат преку работилници со користење на методи што им се блиски на младите лица и се ефикасни за едукација и усвојување на нови вештини на интерактивен начин
4.ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ
Услугата опфаќа различни активности за информирање, групно и индивидуално кариерно советување и др. Невработените лица можат да бидат вклучени во повеќе активности во рамките на услугата, во согласност со нивните интереси и потреби. Професионалната ориентација и кариерното советување овозможува невработените лица да развијат вештини за барање работа и планирање и управување со сопствениот кариерен развој, помошпри изборот на занимање, обука или вработување, како и дополнителна поддршка при процената на сопствените потенцијали за вработување и нивно усогласување со реалните потреби на пазарот на трудот.
5.АКТИВАЦИЈА НА НЕВРАБОТЕНИ РОМИ И ДРУГИ ЛИЦА ВО РИЗИК ОД СОЦИЈАЛНО ИСКЛУЧУВАЊЕ
Услугата ќе биде насочена кон сите невработени Роми и други лица во ризик од социјално исклучување. Невработените лица ќе имаат пристап до тимот на ментори, кои ќе бидат ангажирани во локалните заедници. Нивната улога ќе биде да ги мотивираат и редовно да ги информираат за можностите за вработувања или за подобрување на професионалните капацитети. Преку индивидуален пристап за идентификување на знаењата, квалификациите и вештините со кои располагаат лицата, ќе се пристапи на упатување кон соодветните програми од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот.
Дополнително, вклучувањето на пазар на труд на Роми и други лица под ризик од социјално исклучување, ќе биде поддржано преку програми базирани на меѓународни искуства (Acceder програмата). Услугата ќе биде обезбедена во рамките на проектот на УНДП, МТСП и АВРСМКреирање можности за работа за сите, поддржан од Швајцарската агенција за развој и за соработка (СДЦ ).
Моделот ќе се реализира преку воспоставување на пилот-центри за поддршка при вработување на Ромите и другите лица во ризик од социјално исклучување, во партнерство со избрани граѓански организации во пилот општини со значително ромско присуство и добро развиена бизнис средина. Целта е преку индивидуалните планови за вработување и тесната соработка со локалниот бизнис сектор, како и актуелната побарувачка на работна сила, да се овозможи вработување и социјално вклучување на невработените лица.
Индивидуалниот план за вработување се состои од шест клучни фази:
- Првична проценка на вработливоста
- Подготовка на индивидуален план за вработување според Acceder методологијата
- Оспособување на кандидатите за самостојно идентификување и аплицирање за отворени работни позиции
- Поддршка во идентификување и пристап кон обуки за стекнување на меки и професионални вештини, способности и навики
- Вработување на кандидатите по пат на интермедијација или преку нивна самостојна активност и следење на вработувањето
6.СИМ-СОВЕТУВАЊЕ И МОТИВАЦИЈА ЗА КОРИСНИЦИ НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ
Корисниците на гарантирана минимална помош ќе имаат право на услугата Советување и мотивација (СИМ) која се состои од интензивна психо-социјална поддршка на корисниците пред да се вклучат во активна мерка за вработување, како и менторска поддршка која е најинтензивна во периодот кога корисникот се вклучува во обука или друга активна мерка за вработување, а со намален интензитет откако корисникот ќе се вработи и интегрира на пазарот на труд. СИМ услугата е комплементарна на програмите и услугите за вработување, и овозможува советување, поддршка и мотивација, но и следење на корисникот на гарантирана минимална помош низ процесот на активација.
Паричен надоместок во случај на невработеност
Право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните...
Младински додаток
Цел е поттикнување на младите лица да се вклучат на пазарот на труд во производствена дејност, а преку финансиската поддршка да се обезбеди...
ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ (ПРЕТПРИЕМНИШТВО)
Програмата за самовработување е поддршка наменета за невработените лица за да започнат сопствен бизнис.
ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА
Поддршката за креирање нови работни места ќе влијае врз поттикнување на вработувањето на невработените лица во микро, мали и средни претпријатија...
ОБУКИ
Обуките имаат за цел да ги подобрат вештините и квалификациите на невработените лица за нивна поуспешна интеграција на пазарот на труд.
ПРАКТИКАНТСТВО
Цел на мерката Стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места.
ПРОГРАМА ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ
Програмата обезбедува социјална вклученост на потешко вработливи лица заради стекнување на одредени вештини и нивно постепено вклучување на пазар...
ЕКОНОМИЈА НА ГРИЖА
Програмата обезбедува вклучување на невработени лица заради стекнување на знаења, вештини и компетенции за обезбедување на услуги на грижа во...
УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги обезбедува следните услуги:
Гаранција за млади
Мерката Гаранција за млади им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (...