Поддршка при вработување

SUPPORT FOR SELF-EMPLOYMENT (ENTREPRENEURSHIP)
The self-employment programme is a support intended for help the unemployed individuals start their own business.
EMPLOYMENT SUPPORT

Гаранција за млади
Мерката Гаранција за млади им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (NEET), да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат вклучени во некоја од активните програми и мерки за вработување, во период од 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица во Агенција за вработување.

УСЛУГИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги обезбедува следните услуги:

ЕКОНОМИЈА НА ГРИЖА
Програмата обезбедува вклучување на невработени лица заради стекнување на знаења, вештини и компетенции за обезбедување на услуги на грижа во заедницата и можност за работно ангажирање и вработување како формални даватели на услугиво областа на економијата за грижа, согласно потребите на граѓаните на локално ниво. Со оваа програма, ќе се поддржи и отворање на нови работни места прекуосновање на нови деловни субјекти (даватели на услуги) или поддршка на веќе постојни претпријатија и невладини организации.

ПРОГРАМА ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ
Програмата обезбедува социјална вклученост на потешко вработливи лица заради стекнување на одредени вештини и нивно постепено вклучување на пазар на труд, преку имплементација на општински проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.

ПРАКТИКАНТСТВО
Цел на мерката Стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места.

ОБУКИ
Обуките имаат за цел да ги подобрат вештините и квалификациите на невработените лица за нивна поуспешна интеграција на пазарот на труд.

ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА
Поддршката за креирање нови работни места ќе влијае врз поттикнување на вработувањето на невработените лица во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија што примарно се насочени кон социјални/општествени цели и чиј профит се реинвестира за остварување на тие цели низ деловно работење или вложување во заедницатаи граѓански (непрофитни) организации што се занимаваат со економска активност при вршење на дејност,т.е активност класифицирана според Националната класификација на дејности со која организациите ги остваруваат своите цели утврдени со статутот.

ПОДДРШКА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ (ПРЕТПРИЕМНИШТВО)
Програмата за самовработување е поддршка наменета за невработените лица за да започнат сопствен бизнис.