Додаток за домување
Правото на додаток за домување се остварува на начин што ќе овозможи обезбедување на домување на материјално необезбедени лица
И тоа:
- Закупнина на индивидуален станбен објект или негов дел
- Санација, адаптација и реконструкција на сопствен недвижен имот
- Надомест на трошоци за сместување во студентски дом
- Целна група
Материјално и станбено необезбедени лица и тоа:
- Корисник на гарантирана минимална помош
- Лице кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателството а најмногу до 26 годишна возраст
- Услови за пристап
- За остварување на правото на додаток за домување, потребно е лицето :
- Претходно да остварило право на сместување во установа за бон-семејна социјална заштита или згрижувачко семејство
- Да е станбено необезбедено
- Како станбено необезбедено лице се смета лице кое:
- Не поседува стан или друг недвижен имот во лична сопственост , во сопственост на неговиот брачен другар или нивно малолетно дете и не користи стан под закуп во сопственост на Република С. Македонија.
- До правосилно завршување на оставинската постапка за распределба на оставина на оставител , на кој може да се јави како наследник согласно закон.
- Како станбено необезбедено лице нема да се смета лице кое:
- Отуѓило недвижен имот во лична сопственост во сопственост на неговиот брачен другар или нивното малолетно дете, во последните три години пред донесување на барањето
- Врз доброволна основа или на друг начин е прифатено родител,близок сродник или од трето лице и со тоа го решило станбеното прашање
- Не покренало постапка за распределба на оставина на оставител, на кој може да се јави како наследник согласно закон или во текот на постапката не се прифатило за наследник.
- За материјално необезбедено лице при остварување на правото на додаток за домување, се смета лице:
- Кое до својата 18 – годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, согласно Законот за социјална заштита
- Чии приходи по сите основи како и приходите на неговиот брачен другар и другите членови на неговото семејство,се пониски од 5.600 денари месечно по член на семејство.
- Како приход не се смета:
- Гарантирана минимална помош
- Надоместок заради попреченост,
- Надоместок за помош и нега од друго лице
- Еднократна помош за новороденче
- Детски додаток
- Додаток за образование
- Посебен додаток, остварен согласно закон
- Висина на право
Средствата за остварување на правото на додаток за домување на лицата корисници на гарантирана минимална помош се обезбедуваат од буџетот на општината на градот Прилеп а за лицата кои до 18-годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст, се обезбедуваат од буџетот на Република С.Македонија.
Средствата за остварување на правото на додаток за домување може да се обезбедат и преку донации,кредити и слично.
Од страна на центарот за социјална работа,во решението со кое се одлучува за правото на додаток за домување за закупнина на индивидуален станбен објект или негов дел, при утврдување на висината на правото се земаат предвид следните износи :
- За самец 4.000 (четири илјади) денари за месечна закупнина
- За семејство д два до четири членови до 6.000 (шест илјади) денари за месечна закупнина
- За семејство од пет или повеќе членови до 8.000 (осум илјади) денари за месечна закупнина
Се вклучуваат и комуналните трошоци (електрична енергија,греење, вода и ѓубретарина), во висина за :
- Самец до 1.500 (една илјада и петстотини) денари
- Семејство од два до четири членови до 2.000 (две илјади) денари
- Семејство од пет и повеќе членови до 2.500 (две илјади и петстотини) денари
За остварување на правото на додаток за домување со доделување на средства за санација, адаптација и реконструкција на руиниран и недоизграден станбен простор во сопственост на корисникот на додаток за домување, се врши врз основа на предметпресметката изготвена од стручно лице, за фактичките трошоци за неопходните градежни работи, кои треба да се изведат за создавање на основни услови за живеење. Правото на додаток за домување се остварува во висина на трошоците за сместување на корисникот на додаток за домување, кој е на редовно школување и е сместен во студентски дом.
- Потребни докумемнти за апликација
Прилог бр. 1 Барање за остварување на правото на додаток за домување
Прилог бр.2 Изјава за употреба на лични податоци на корисникот од страна на центарот за социјална работа
Прилог бр. 8 Барање за прибирање на податоци по службена должност
Прилог бр.9 Одговор на податоци по службена должност
Прилози кон барањето кои ги доставува носителот:
1 . Доказ дека не користи стан под закуп со сопственост на Република Северна Македонија;
2. Важечка лична карта или патна исправа, која се доставува на увид заради докажување на идентитетот и државјанството;
3. Уверение за остварен приход од Управатаза јавни приходи;
4. Имотен лист
5. Потврда дека не поседува недвижен имот
6. Изјава заверена кај нотар, дека не поседува стан или друг недвижен имот, односно дека не отуѓил ваков имот и дека на друг начин не може да оствари правото на домување
7. Доказ дека е поведена постапка за распределба на оставина на оставител на кој може да се јави како наследник согласно со закон или дека во текот на постапката не се прифатил за наследник
8. Документ за исплатена плата, пензија или друго редовно примање во последните три месеци
9. Извод од матична книга на родени и венчани
10. Потврда за редовно школување
11. Договор за сместување во студентски дом
12. Договор за закуп
Документите 1,3,4,5,8,9 ги прибавува Центр за социјална работа по службена должност а останатите подносител на барањето 2,6,7,10,11 и 12.
Право на социјална сигурност за старите лица
Воведување на посебна заштита на стари материјално необезбедени лица.Старите лица кои се материјално необезбедени со навршени 65 години.
Гарантирана минимална помош
Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за домаќинства кои имаат лица способни, но и неспособни за работа и се материјално необезбедени,...
Надоместок за помош и нега од друго лице
Ова право има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лица кои не се способни да ги задоволуваат своите секојдневни егзистенцијални...
Надоместок на плата за скратено работно време
Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки хронични заболувања може да го оствари еден...
Додаток за домување
Правото на додаток за домување се остварува на начин што ќе овозможи обезбедување на домување на материјално необезбедени лица
Траен надоместок
Обезбедување на материјална сигурност на згрижувач и родител кој се грижел за свое дете со попреченост.
Еднократна парична помош и помош во натура
Целта на ова право од социјална заштита има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лице или семејство кое се нашло во положба на...
Надоместок заради попреченост
Со надоместокот за лица со попреченост се обезбедува нивно поттикнување на социјално вклучување и еднакви можности.