Еднократна парична помош и помош во натура
Целта на ова право од социјална заштита има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лице или семејство кое се нашло во положба на социјален ризик, претрпена природна непогода или епидемија и подолго лекување во здравствена установа на член на семејството.
- Целна група
Лице или семејство во социјален ризик, кое претрпело непогода или епидемија и подолго лекување во здравствена установа, лице на кое е потребно да се изврши оперативен зафат, станбено необезбедено лице корисник на постојана парична помош.
Лице или семејство кое се нашло во положба на социјален ризик, а која може да остави трајни последици, заради претрпена природна непогода (земјотрес, поплава, пожар), епидемија и смрт на член на семејството.
Лице кое има потреба од оперативен зафат со подолго лекување во странство.
Станбено необезбедено лице корисник на гарантирана минмална помош и тоа лице неспособно за работа, како помош во обезбедување на нужно сместување.
Лице- жртва на семејно насилство за обезбедување на итна заштита и згрижување.
Лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст, има право на интервентна еднократна парична помош во висина до 180.000 денари, заради вклучување во социјалната средина.
Ова право се остварува по напуштање на установата или згрижувачкото семејство.
Центарот за социјална работа заедно со ова лице, прави план за интеграција на лицето во социјалната средина кој се однесува на обезбедување на домување, вработување, редовно образование и други потреби, врз основа на кој се исплаќаат средствата.
Планот се изготвува три месеци пред напуштање на установата за вонсемејна заштита, станбената единица за живеење со поддршка или згрижувачкото семејство
- Услови за пристап
Подносителот на барање за оствартување на правото на еднократна парична помош, доколку користи право на социјална заштита заради претрпена природна непогода , пожар, поплава, земјотрес, како и осудено лице по отпуштање од установата за извршување на казна, доставува фотокопија од лична карта, извод од матична книга на родени или друга лична исправа за утврдување на адресата на живеење.
- Висина на правото
Финансиски средства кои се добиваат се :
До 4.500 денари за задоволување на потребите на лице или семејство кое се нашло во положба на социјален ризик кој не остава трајни последици а е неопходно социјално и материјално обезбедување на лицето.
До 12.000 денари за задоволување на потребите на лице или семејство кое се нашло во положба на социјален ризик во случај на подолго лекување во здравствена установа како и за лице жртва на семејно насилство за остварување на право на здравствена заштита и медицински третман.
До 15.000 денари за потребите на лице- жртва на семејно насилство за обезбедување на итна заштита и згрижување.
До 30.000 денари и тоа:
- За задоволување на потребите на лице или семејство кое се нашло во положба на социјален ризик а која може да остави трајни последици заради претрпена природна непогода (земјотрес, пожар, поплава) , епидемија или смрт на член од семејствпото.
- Лице кое има потреба од оперативен зафат или подолго лекување во здравствена установа во странство и станбено необезбедено лице корисник на гарантирана минимална помош и тоа лице неспособно за работа, како помош во обезбедување на нужно сместување.
- Помош во натура: храна и облека.
- Потребна документација
Прилог бр.1 Барање за остварување на правото на еднократна парична помош
Прилог бр.2 Изјава
Прилог бр.8 Барање за прибирање на податоци по службена должност
Прилог бр.9 Одговор на податоци по службена должност
Потребна документација за остварување на правото на еднократна парична помош доколку подносителот на барањето не користи право на социјална заштита, за него и членовите на семејството е:
- Важечка лична карта за државјани на Република Северна Македонија, дозвола за постојан престој на странец, лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството, или поднесено барање за признавање право на азил.
- Извод од матична книга на родени
- Извод од матична книга на венчани, доколку има склучено брачна заедница
- Извод од матична книга на умрени, за починат член на семејството
- Потврда за примена нето плата во последните три месеци пред донесување на барањето
- Потврда за остварена пензија
- Потврда од Агенција за вработување на С.Македонија за невработени членови во семејството
- Уверение за пријавени или остварени приходи од Управа за јавни приходи
Документите од точките 2,3,4,5,6,7,8 од страна на центарот за социјална работа се прибавуваат по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма по претходно дадена писмена согласност на подносителот /корисникот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на еднократна парична помош.
- Рокови и престанок на правото
Во барањето за остварување на еднократна парична помош, подносителот наведува за која цел му е потребна помошта и во рок од 15 дена од кога средствата се искористени а најдоцна три месеци од добивање на помошта, до центарот за социјална работа доставува доказ дека средствата се искористени за целта наведена во барањето, освен за еднократна парична помош во висина до 4.500 (четири илјади и петстотини) денари. Во Законот за социјална заштита не постојат законски утврдени рокови за користење на ова право, но вообичаено истото се користи во периодот кога е настанат социјалниот ризик на лицето или семејството и по поднесување на комплетната документација кон барање.
Право на социјална сигурност за старите лица
Воведување на посебна заштита на стари материјално необезбедени лица.Старите лица кои се материјално необезбедени со навршени 65 години.
Гарантирана минимална помош
Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за домаќинства кои имаат лица способни, но и неспособни за работа и се материјално необезбедени,...
Надоместок за помош и нега од друго лице
Ова право има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лица кои не се способни да ги задоволуваат своите секојдневни егзистенцијални...
Надоместок на плата за скратено работно време
Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки хронични заболувања може да го оствари еден...
Додаток за домување
Правото на додаток за домување се остварува на начин што ќе овозможи обезбедување на домување на материјално необезбедени лица
Траен надоместок
Обезбедување на материјална сигурност на згрижувач и родител кој се грижел за свое дете со попреченост.
Еднократна парична помош и помош во натура
Целта на ова право од социјална заштита има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лице или семејство кое се нашло во положба на...
Надоместок заради попреченост
Со надоместокот за лица со попреченост се обезбедува нивно поттикнување на социјално вклучување и еднакви можности.