Гарантирана минимална помош

Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за домаќинства кои имаат лица способни, но и неспособни за работа и се материјално необезбедени, односно лица кои неможат да обезбедат средства за своја егзистенција по друг основ.

  1. Целна група:

Право на Гарантирана минимална помош имаат материјално необезбедени домаќинства кои немаат во сопственост имот и имотни права од кои можат да се издржуваат. Или домаќинства кои се материјално необезбедени кои имаат имот и имотни права од кои може да се издржуваат, но во случај кога членот на домаќинството, сопственикот на имотот ќе склучи договор за доживотна издршка со Центарот за социјална работа.

  1. Услови за пристап:

Ова право се остварува во случај кога вкупната просечна висина  на сите приходи на сите членови на домаќинството по сите основи  во последните три месеци пред доставување на барањето за остварување на правото и во текот на користењето на правото е пониска од висината на утврдената гарантирана минимална помош, согласно Законот за социјална заштита.

  • При остварување  и користење на правото на Гарантирана минимална помош, како приход не се смета:
  • надоместок за помош и нега од друго лице
  • надоместок заради попреченост;
  •  додаток за домување;
  •  еднократна парична помош;
  • паричен надоместок за трошоците за сместено лице и надоместок за згрижување на лице во згрижувачко семејство;
  • еднократна парична помош за новороденче;
  •  детски додаток;
  • додаток за образование за дете во основно или средно училиште, согласно прописите од областа на заштитата на децата;
  •  посебен додаток;
  • стипендија
  • донации, согласно Законот за донации
  • надоместок за попишувач во висина од 15000 денари
  • надоместок за посета на обука, остварен согласно програми/мерки од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување
  • надоместок за практична обука на ученици и практична настава на студенти;
  •  надомест за практикантска работа, согласно прописите од областа на практиканството;
  • надоместок за волонтери, согласно Законот за волонтерството;
  • финансиска помош добиена за лекување во земјата или во странство, врз основа на одлука на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија;
  • надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;
  • пријавени или остварените нето приходи од продажба на земјодлски производи и др. на сите членови на домаќинството, во висина до 30. 000 денари вкупно во последните 12 месеци.
  • законска издршка за дете во висина до 6.000 денари;
  •  вкупните приходи во висина до 5.500 денари месечно по член на домаќинство, усогласени со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари во тековната година, не се сметаат за приход при остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош, за лица кои оствариле право на постојана парична помош по основ за неспособност за работа, утврдена со наод, оцена и мислење на стручна комисија
  • паричен надоместок што се исплаќа во рамки на ИПА проект, финансиран од Европска Унија и спроведен во Министерството за труд и социјалната политика;
  •  приход по основ на работно ангажирање за општинско корисна работа
  1. Висина на правото:

Висината на правото на гарантирана минимална помош се пресметува како основица за еден член на домаќинството, зголемена за коефициент од еквивалентната скала за другите членови на домаќинството, а најмногу за вкупно пет члена во домаќинството. Основицата изнесува 4.000 (четири илјади) денари месечно, а за секој следен полнолетен член на домаќинството основицата се зголемува согласно еквивалентна скала и тоа за:

• вториот член за коефициент од 0.5,

• третиот член за коефициент од 0.4,

• четвртиот член за коефициент од 0.4 и

• петиот член за коефициент од 0.2

За дете член на домаќинството основицата се зголемува за коефициент од 0.1.

Еквивалентната скала се зголемува за коефициент од 0.5 за самохрана жена за време на бременоста еден месец пред породувањето и самохран родител до започнување на основното образование на детето, но најдоцна до седум годишна возраст на детето, а заклучно до третото дете.

За лице коe е неспособно за работа поради интелектуална попреченост, телесн попреченост, душевно заболување или поради трајни промени во здравствената состојба, но најмногу до три члена во домаќинството и тоа за првиот член за коефициент од 0.5, за вториот член за коефициент од 0.2, за третиот член за коефициент од 0.2.

Домаќинството користи и паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, за месеците од октомври до март во месечен износ од 1.000 денари.

  • При утврдување на висината на гарантираната минимална помош за член на домаќинство не се смета лице кое е:

- на издржување казна затвор подолго од 30 дена,

- со решение на центарот за социјална работа е сместено во установа за вон-семејна социјална заштита, згрижувачко семејство, организирано живеење со поддршка, или друга установа и

- сторител на семејно насилство.

  • Носителот на правото на гарантирана минимална помош, се определува според следниов редослед:

 а) за домаќинството во кое има вработено лице - вработеното лице;

б) за домаќинството во кое нема вработено лице, но има корисник на пензија -членот кој е корисник на пензија;

в) за домаќинството во кое нема вработено лице или корисник на пензија - лице кое не е вработено;

г) за сите други домаќинства - членот на домаќинството одреден од надлежниот центар за социјална работа

• Право на гарантирана минимална помош не може да оствари домаќинство во кое член:

-може сам да се издржува,
–може да остварува приходи со продажба или со давање под закуп на имот во нивна сопственост, кој членовите на домаќинството не го користат,
– има склучен договор за доживотна издршка, а не покренало постапка за раскинување на тој договор,
– може да обезбеди издржување по друга основа,
– е избришан од евиденцијата на невработени лица заради нередовно пријавување, до истекот на периодот до кога стекнува право повторно да се пријави, согласно со прописите за вработување и осигурување во случај на невработеност и/или
– на кој работниот однос му престанал спогодбено, по негово барање или со отказ од работодавецот поради кршење на договорните обврски или други обврски од работниот однос, во последните 12 месеци пред поднесување на барањето за остварување на право на гарантирана минимална помош.

Право на гарантирана минимална помош не може да оствари домаќинство кое не е изложено на социјален ризик, констатирано врз основа на непосреден увид и стручната документација од овластениот работник од центарот за социјална работа.

По исклучок во услови на вонредни околности (утврдено постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди), право на гарантирана минимална помош може да оствари домаќинство во кое член на домаќинството е избришан од евиденцијата на невработени лица заради нередовно пријавување или на кој работниот однос му престанал спогодбено, по негово барање или со отказ од работодавецот поради кршење на договорните обврски или други обврски од работниот однос.

  1. Рокови и престанок на правото:

Носителот на правото е должен да ја пријави бројната состојба на домаќинството, материјалната и имотната состојба за себе и сите членови во домаќинството, при поднесување на барањето и да извести за промените во текот на користењето на правото, во рок од 15 дена сметано од настанувањето на промената, до надлежниот центар за социјална работа.

  • Правото на гарантирана минимална помош престанува доколку:

• носителот даде невистинити или нецелосни податоци за материјалната, семејната и имотната состојба на домаќинството при поднесувањето на барањето,

• носителот не ја пријави промена на бројната состојба на домаќинството, материјалната и имотната состојба за себе и сите членови во текот на користењето на правото,

• корисникот не се пријави во надлежниот центар за вработување во рокот и редовно не ги исполнува обврските за евидентирање согласно со прописите за вработување и осигурување во случај на невработеност,

• корисникот два пати последователно одбие да ги исполни обврските од индивидуалниот план за вработување за вклучување во програмата за активни мерки за вработување или одбие посредување за вработување согласно со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност,

 • работниот однос му престанал спогодбено, по негово барање или со отказ од работодавецот поради кршење на договорните обврски или други обврски од работниот однос,

• домаќинството не е изложено на социјален ризик, констатирано врз основа на непосреден увид и стручната документација од овластениот работник од центарот за социјална работа или на овластениот работник не му се дозволи да направи увид во домот за проверка на материјалната и бројната состојба во домаќинството, констатирано врз основа на стручна документација

  1. Потребни документи за апликација:

Барање за остварување на право на гарантирана минимална помош

Изјава, писмената согласност на подносителот за користење на неговите лични податоци во постапката

Барање за прибирање на податоци по службена должност

Одговор на барање за прибирање на податоци по службена должност

1. Важечка лична карта на граѓанинот на Република Северна Македонија, лична карта за постојан престој на странец, лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството;

 2. Извод од матичната книга на родените;

 3. Извод од матичната книга на венчаните;

4. Извод од матичната книга на умрените;

5. Пресуда за развод на брак;

6. Уверение за остварени годишни приходи;

7. Имотен лист;

8. Потврда дека не поседува имот;

9. Потврда за остварени доход од работа во Република Северна Македонија или странство;

10. Потврда за корисник на пензија остварена во Република Северна Македонија или странство;

11. Пресуда за определена законска издршка;

12. Потврда за поседување регистрирано моторно возило (патничко мотор- но возило, мотор над 50 cм3, комбе, автобус, камион, комбајн и трактор);

13. Потврда за редовен студент;

14.Договор за изршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија;

15.Договор за давање на земјоделско земјиште на плодоуживање сопственост на Република Северна Македонија;

16. Наод, оцена и мислење од стручна комисија за утврдена неспособност за работа или потврда дека е започната постапка за утврдување на неспособност за работа;

17. Потврда од банка за штеден влог;

18. Потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од вредност;

19. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за исплата на паричен надоместок по основ на невработеност;

20. Потврда за исплата на воена инвалиднина;

21. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина;

22. Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;

23. Тужба за законска издршка против близок сродник кој по закон е должен да го издржува, односно полномошно на службено лице во центар за социјална работа за поведување на оваа постапка.

Документите од точките 2, 3, 4, 6, 7, 8, 9, 10, 12, 16, 18, 19 и 21, центарот за социјална работа ги прибавува по службена должност, додека документите од точките 1, 5, 11, 13, 14, 15, 17, 20, 22 и 23 ги прибавуваат под- носителот и другите членови на домаќинството при поднесување на барањето и во текот на користење на правото на гарантирана минимална помош.

 Лицето кое остварува право на ГМП не може да остарува право на РД-3.

Партиципација

Право на социјална сигурност за старите лица

Воведување на посебна заштита на стари материјално необезбедени лица.Старите лица кои се материјално необезбедени со навршени 65 години.

Повеќе...
Гарантирана минимална помош

Гарантирана минимална помош

Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за домаќинства кои имаат лица способни, но и неспособни за работа и се материјално необезбедени,...

Повеќе...
Надоместок за помош и нега од друго лице

Надоместок за помош и нега од друго лице

Ова право има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лица кои не се способни да ги задоволуваат своите секојдневни егзистенцијални...

Повеќе...
Надоместок на плата за скратено работно време

Надоместок на плата за скратено работно време

Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки хронични заболувања може да го оствари еден...

Повеќе...
Надоместок на плата за скратено работно време

Додаток за домување

Правото на додаток за домување се остварува на начин што ќе овозможи обезбедување на домување на материјално необезбедени лица

Повеќе...
Траен надоместок

Траен надоместок

Обезбедување на материјална сигурност на згрижувач и родител кој се грижел за свое дете со попреченост.

Повеќе...
Еднократна парична помош и помош во натура

Еднократна парична помош и помош во натура

Целта на ова право од социјална заштита има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лице или семејство кое се нашло во положба на...

Повеќе...
Здравствена заштита

Здравствена заштита

Користење на здравствени услуги, со цел надминување на ризиците од болест.

Повеќе...
Надоместок заради попреченост

Надоместок заради попреченост

Со надоместокот за лица со попреченост се обезбедува нивно поттикнување на социјално вклучување и еднакви можности.

Повеќе...
Nov
17
2021