Надоместок за помош и нега од друго лице

Ова право има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лица кои не се способни да ги задоволуваат своите секојдневни егзистенцијални потреби.

  1. Целна група:

 Лице со навршени 26 години возраст.

Потреба од помош и нега од друго лице во поголем обем има лице со умерена, тешка или длабока интелектуална попреченост, лице со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице, како и лице со трајни промени во здравствената состојба, на кое му е неопходна помош и нега од друго лице заради тоа што не може само да ги врши основните активности од секојдневниот живот, не може ниту со помош на ортопедски помагала самостојно да се движи во станот или надвор од станот, самостојно да се храни, облекува, да ја одржува личната хигиена, ниту да ги врши основните физиолошки потреби.

Потреба од помош и нега од друго лице во помал обем има лице со умерена интелектуална попреченост и лице кое поради трајни промени во здравствената состојба не може без помош од друго лице во потполност да ги задоволува основните животни потреби.

  1. Услови за пристап:

Лице кое не е во можност самостојно да ги извршува своите основни животни потреби, државјанин на Република Северна Македонија, лице странец со постојан престој во Република Северна Македонија, лице со статус на признаен бегалец и лице под супсидијарна заштита.

  1. Висина на правото:

Висината на месечниот надоместокот за помош и нега од друго лице во поголем обем изнесува 5.886 денари за лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со тешка телесна попреченост и потполно слепо лице, како и лице со трајни промени во здравствена состојба.

Висината на месечниот надоместок за помош и нега од друго лице во помал обем изнесува 5.207 денари за лице со умерена интелектуална попреченост и има трајни промени во здравствена состојба, за потполно глуво лице.

  1. Рокови за остварување на правото и престанок на правото:

Центарот за социјална работа е должен да го извести корисникот за потребата од повторен преглед два месеца пред истекот на рокот определен за повторна оцена за утврдување на потребата од помош и нега од друго лице. Ако корисникот или неговиот старател неоправдано не се јави во рокот определен за повторна оцена за утврдување на потребата од помош и нега од друго лице, му престанува правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице.

Лице кое со решение на центарот за социјална работа подолго од 30 дена е сместено во установа за вон-семејна социјална заштита, згрижувачко семејство, организирано живеење со поддршка, здравствена или друга установа не може да користи надоместок за помош и нега од друго лице за периодот додека трае сместувањето.

  1. Потребни документи за апликација:

Барање за остварување надоместок за помош и нега од друго лице

Барање за прибирање на податоци по службена должност

Одговор на барање за прибирање на податоци по службена должност

Изјава, писмената согласност на подносителот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото

Мислење од матичен лекар за потребата од помош и нега од друго лице

Бартелов индекс, потпишан од матичен лекар

Наод и мислење за потребата од помош и нега од друго лице од стручна комисија

Второстепена комисија за давање наод, оценка и мислење за потребата од помош и нега од друго лице

1. фотокопија на важечка лична карта за државјани на Република Северна Македонија, дозвола за постојан престој на странецот, фотокопија од лична карта за признат бегалец или фотокопија на лична карта за лице под хуманитарна или супсидијарна заштита,

2. наод и мислење на стручен орган и

3. медицинска документација (специјалистички извештај, отпусна листа и друга медицинска документација)

Потребата за помош и нега од друго лице со наод, оцена и мислење ја утврдуваат стручни комисии формирани во јавни здравствени установи во состав од тројца доктори специјалисти или супспецијалисти.

При утврдување на обемот на потребата за помош и нега од друго лице се зема предвид и Бартеловиот индекс, кој е составен дел на мислењето издадено од матичниот лекар на подносителот на барањето.

-
Партиципација

Право на социјална сигурност за старите лица

Воведување на посебна заштита на стари материјално необезбедени лица.Старите лица кои се материјално необезбедени со навршени 65 години.

Повеќе...
Гарантирана минимална помош

Гарантирана минимална помош

Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за домаќинства кои имаат лица способни, но и неспособни за работа и се материјално необезбедени,...

Повеќе...
Надоместок за помош и нега од друго лице

Надоместок за помош и нега од друго лице

Ова право има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лица кои не се способни да ги задоволуваат своите секојдневни егзистенцијални...

Повеќе...
Надоместок на плата за скратено работно време

Надоместок на плата за скратено работно време

Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки хронични заболувања може да го оствари еден...

Повеќе...
Надоместок на плата за скратено работно време

Додаток за домување

Правото на додаток за домување се остварува на начин што ќе овозможи обезбедување на домување на материјално необезбедени лица

Повеќе...
Траен надоместок

Траен надоместок

Обезбедување на материјална сигурност на згрижувач и родител кој се грижел за свое дете со попреченост.

Повеќе...
Еднократна парична помош и помош во натура

Еднократна парична помош и помош во натура

Целта на ова право од социјална заштита има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лице или семејство кое се нашло во положба на...

Повеќе...
Здравствена заштита

Здравствена заштита

Користење на здравствени услуги, со цел надминување на ризиците од болест.

Повеќе...
Надоместок заради попреченост

Надоместок заради попреченост

Со надоместокот за лица со попреченост се обезбедува нивно поттикнување на социјално вклучување и еднакви можности.

Повеќе...
Nov
17
2021