Надоместок на плата за скратено работно време

Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки хронични заболувања може да го оствари еден од родителите, доколку и двајцата родители на детето се во работен однос, може да се покрие скратено работно време и да се помогне со материјални средства на семејство или самохран родител доколку е во работен однос.

  1. Целна група:

Вработениот родител на дете со следните телесни или интелектуални пречки во развојот и со најтешки облици на хронични заболувања:

  • оштетен вид (потполно слепо) или слабовидно дете кое што поради степенот на сензорното оштетување истото не е во состојба самостојно да се движи и опслужува;
  •  стекнати и вродени трајни пречки или оштетувања на локомоторниот систем и облици на локомоторна дисфункција, кое што своите основни, биолошки и социјални потреби ги извршува само со постојана грижа и нега од друго лице;
  •  тешки и најтешки пречки во менталниот развој;
  •  аутизам, кој што се карактеризира со квалитативно оштетување на реципрочните социјални интеракции, на невербалната, вербалната комункација и имагинација, како и со ограничен број на активности и интересирања или
  •  комбинирани пречки во развојот каде што се присутни најмалку два или повеќе видови на пречки во развојот
  1. Услови за пристап:

Родителот е вработен и има дете со потешка телесна или интелектуална попреченост и со најтешки облици на хронични заболувања.

  1. Висина на правото:

 Висината на надоместокот на плата изнесува 50% од просечната нето плата за полно работно време на родителот исплатена во претходната година, но најмногу до 50% од просечната нето плата во Република Северна Македонија за претходната година, објавена од Државниот завод за статистика.

  1. Рокови за остварување на правото и престанок на правото:

 За промените коишто влијаат на губење на правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања, Центарот за социјална работа се известува од страна на корисникот на правото најдоцна 15 дена од денот на нивното настанување.

  1. Потребни документи за апликација:

Барање за остварување право на надоместок на плата за скратено работно време.

Изјава, писмената согласност на подносителот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото

Барање за прибирање на податоци по службена должност

Одговор на барање за прибирање на податоци по службена должност

1. Извод од матичната книга на родените за лицето кое што бара да го оствари ова право;

2. Извод од матичната книга на родените на детето;

3. Решение од работодавачот за користење на правото на скратено работно време согласно закон

 4. Решение за заснован работен однос на определено или неопределено работно време на двата родитела, самохран родител или старател

Потребната документација од точките 1 и 2 центарот за социјална работа ја прибавува по службена должност, додека потребната документација од точките 3 и 4 ја доставува подносителот на барањето за остварување на правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања

 

 

-
Партиципација

Право на социјална сигурност за старите лица

Воведување на посебна заштита на стари материјално необезбедени лица.Старите лица кои се материјално необезбедени со навршени 65 години.

Повеќе...
Гарантирана минимална помош

Гарантирана минимална помош

Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за домаќинства кои имаат лица способни, но и неспособни за работа и се материјално необезбедени,...

Повеќе...
Надоместок за помош и нега од друго лице

Надоместок за помош и нега од друго лице

Ова право има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лица кои не се способни да ги задоволуваат своите секојдневни егзистенцијални...

Повеќе...
Надоместок на плата за скратено работно време

Надоместок на плата за скратено работно време

Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки хронични заболувања може да го оствари еден...

Повеќе...
Надоместок на плата за скратено работно време

Додаток за домување

Правото на додаток за домување се остварува на начин што ќе овозможи обезбедување на домување на материјално необезбедени лица

Повеќе...
Траен надоместок

Траен надоместок

Обезбедување на материјална сигурност на згрижувач и родител кој се грижел за свое дете со попреченост.

Повеќе...
Еднократна парична помош и помош во натура

Еднократна парична помош и помош во натура

Целта на ова право од социјална заштита има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лице или семејство кое се нашло во положба на...

Повеќе...
Здравствена заштита

Здравствена заштита

Користење на здравствени услуги, со цел надминување на ризиците од болест.

Повеќе...
Надоместок заради попреченост

Надоместок заради попреченост

Со надоместокот за лица со попреченост се обезбедува нивно поттикнување на социјално вклучување и еднакви можности.

Повеќе...
Nov
17
2021