Траен надоместок

Обезбедување на материјална сигурност на згрижувач и родител кој се грижел за свое дете со попреченост.

  1. Целна група
  • Згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство
  • Родител кој има дете со попреченост
  1. Услови за пристап

Згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство најмалку петнаесет години по наполнување на 62 години на живот за жена и 64 години на живот за маж кој е невработен и не користи право на пензија по која било основа.

Родител кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст, без истото да користи услуга на вон-семејна социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена и 64 години за маж. На родителот да не му било одземено родителското право над детето.

  1. Висина на правото

Висината на трајниот надоместок за згрижувач/родител изнесува 9.618 (девет илајади, шестотини и осумнаесет) денари.

Денари месечно, усогласена со порастот на троѓоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.

  1. Потребни документи за апликација

Прилог бр.1 Барање за остварување на правото на траен надоместок за згрижувач и родител

Прилог бр. 8 Барање за прибирање на податоци по службена должност

Прилог бр. 9 Одговор на податоци по службена должност

  1. Важечка лична карта или патна исправа која се доставува на увид
  2. Извод од матична книга на родените на згрижувачот
  3. Потврда од надлежен центар за социјална работа за периодот на згрижување на лице или дете без родители и родителска грижа.
  4. Потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија, за статус на невработено лице за згрижувачот
  5. Потврда од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република С. Македонија дека згрижувачот по наполнување на 62 години на живот за жена и 64 години за маж не користи пензија.

Документацијата од точките 2,3,4,5 ја прибавува центарот за социјална работа по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по дадената писмена согласност на подносителот за користење на нековите лични податоци во постапката за остварување на правото на траен надоместок за згрижувач.

Правото не може да се оствари доколку центарот за социјална работа еднострано го раскинал договорот за сместување лице во згрижувачото семејство

-
Партиципација

Право на социјална сигурност за старите лица

Воведување на посебна заштита на стари материјално необезбедени лица.Старите лица кои се материјално необезбедени со навршени 65 години.

Повеќе...
Гарантирана минимална помош

Гарантирана минимална помош

Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за домаќинства кои имаат лица способни, но и неспособни за работа и се материјално необезбедени,...

Повеќе...
Надоместок за помош и нега од друго лице

Надоместок за помош и нега од друго лице

Ова право има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лица кои не се способни да ги задоволуваат своите секојдневни егзистенцијални...

Повеќе...
Надоместок на плата за скратено работно време

Надоместок на плата за скратено работно време

Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки хронични заболувања може да го оствари еден...

Повеќе...
Надоместок на плата за скратено работно време

Додаток за домување

Правото на додаток за домување се остварува на начин што ќе овозможи обезбедување на домување на материјално необезбедени лица

Повеќе...
Траен надоместок

Траен надоместок

Обезбедување на материјална сигурност на згрижувач и родител кој се грижел за свое дете со попреченост.

Повеќе...
Еднократна парична помош и помош во натура

Еднократна парична помош и помош во натура

Целта на ова право од социјална заштита има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лице или семејство кое се нашло во положба на...

Повеќе...
Здравствена заштита

Здравствена заштита

Користење на здравствени услуги, со цел надминување на ризиците од болест.

Повеќе...
Надоместок заради попреченост

Надоместок заради попреченост

Со надоместокот за лица со попреченост се обезбедува нивно поттикнување на социјално вклучување и еднакви можности.

Повеќе...
Nov
17
2021