Надоместок заради попреченост
Со надоместокот за лица со попреченост се обезбедува нивно поттикнување на социјално вклучување и еднакви можности.
Целна група: Лица со:
- Тешка или длабока интелектуална попреченост
- Најтешка телесна попреченост
- Потполно слепо лице
- Потполно глуво лице
Услови за пристап:
Лицето мора да има навршени 26 годишна возраст, најдоцна до 65 годишна возраст.
Лицата со тешка или длабока интелектуална попреченост остваруваат право на надоместок заради попреченост, врз основа на траен наод, оцена и мислење за видот и степенот на попреченост издаден од стручен орган.
Правото на надоместок заради попреченост се остварува врз основа на конзилијарно мислење од првостепена комисија составена од тројца лекари специјалисти од соодветна терцијарна здравствена установа.
Во постапката по жалба против наодот и мислењето на првостепената комисија за остварување на надоместок за попреченост, наод и мислење дава второстепена комисија од тројца лекари специјалисти од соодветна терцијарна здравствена установа, кои не го донеле конзилијарното мислење во прв степен.
Висина на правото:
Висината на месечниот надоместок заради попреченост изнесува:
- 9.475 (девет илјади,четиристотини седумдесет и пет) денари за лице со тешка или длабока интелектуална попреченост; со најтешка телесна попреченост и потполно слепо лице
- 5.414 (пет илјади, четиристотини и четиринаесет) денари за потполно глуво лице.
Рокови за остварување на правото и престанок на правото:
Лицето не може да го користи ова право ако со решение од центар за социјална работа е сместено во установа за вонсемејна социјална заштита подолго од 30 дена, згрижувачко семејство, организирано живеење со поддршка или во здравствена или друга установа за период додека трае сместувањето.
Надоместок заради попреченост не може да оствари лице кое што го користи правото на цивилна или воена инвалиднина.
Потребни документи за апликација:
Потребна документација за остварување на правото на траен надоместок на родител е:
Барање за остварување на право надоместок заради попреченост
Конзилијарно мислење/наод за остварување на правото на надоместок поради попреченост прв степен
Конзилијарно мислење/наод за остварување на правото на надоместок заради попреченост во втор степен
Изјава, писмената согласност на подносителот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото
Барање за прибирање на податоци по службена должност
Одговор на барање за прибирање на податоци по службена должност
1. Важечка лична карта на граѓанинот на Република Северна Македонија, лична карта за постојан престој на странец, лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството;
2. Извод од матична книга на родените за родителот;
3. Извод од матична книга на родените за детето;
4. Извод од матична книга на венчаните;
5. Потврда од надлежен суд дека на родителот не му е одземено родителското право над детето;
6. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, за статус на невработено лице за родителот;
7. Потврда од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија дека родителот, по наполнување на 62 години на живот за жена односно 64 години на живот за маж, не користи право на пензија
Документите од точки 2, 3, 4, 5, 6 и 7, центарот за социјална работа ги прибавува по службена должност.
Право на социјална сигурност за старите лица
Воведување на посебна заштита на стари материјално необезбедени лица.Старите лица кои се материјално необезбедени со навршени 65 години.
Гарантирана минимална помош
Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за домаќинства кои имаат лица способни, но и неспособни за работа и се материјално необезбедени,...
Надоместок за помош и нега од друго лице
Ова право има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лица кои не се способни да ги задоволуваат своите секојдневни егзистенцијални...
Надоместок на плата за скратено работно време
Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки хронични заболувања може да го оствари еден...
Додаток за домување
Правото на додаток за домување се остварува на начин што ќе овозможи обезбедување на домување на материјално необезбедени лица
Траен надоместок
Обезбедување на материјална сигурност на згрижувач и родител кој се грижел за свое дете со попреченост.
Еднократна парична помош и помош во натура
Целта на ова право од социјална заштита има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лице или семејство кое се нашло во положба на...
Надоместок заради попреченост
Со надоместокот за лица со попреченост се обезбедува нивно поттикнување на социјално вклучување и еднакви можности.