Право на социјална сигурност за старите лица
Воведување на посебна заштита на стари материјално необезбедени лица.Старите лица кои се материјално необезбедени со навршени 65 години.
Услови за пристап
Старо лице кое:
1. има државјанство на Република Северна Македонија;
2. има постојано место на живеење во Република Северна Македонија во последните 15 години пред поднесување на барањето;
3. нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува;
4. не е корисник на пензија од Република Северна Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност од друга држава и
5. не остварило приходи по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето.
Бенефиции
• Висината на месечниот износ на правото на социјална сигурност за старите лица изнесува 7.892 денари.
• Паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, за месеците од октомври до март во изнесува 1.316 денари месечно, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.
• Право на здравствена заштита
Потребна документација
1. Важечка лична карта на граѓанинот на Република Северна Македонија, лична карта за постојан престој на странец, лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството;
2. Извод од матичната книга на родените;
3. Извод од матичната книга на венчаните;
4. Извод од матичната книга на умрените;
5. Пресуда за развод на брак;
6. Уверение за остварени годишни приходи;
7. Имотен лист; 8. Потврда дека не поседува имот;
9. Потврда за остварени приходи од плата во Република Северна Македонија или странство;
10. Потврда дека не е корисник на пензија остварена во Република Северна Македонија или странство;
11. Потврда за поседување регистрирано моторно возило (патничко моторно возило, мотор над 50 cм3, комбе, автобус, камион, комбајн и трактор);
12. Договор за давање на плодоуживање на земјоделско земјиште во сопственост на Република Северна Македонија.
13. Потврда од банка за штеден влог;
14. Потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од вредност;
15. Потврда за исплата на воена инвалиднина;
16. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина.
17. Потврда за постојано место на живеење во РСМ во последните 15 години при поднесување на барањењто.
• Барање за остварување на право на социјална сигурност за старите лица
• Изјава
• Барање за прибирање на податоци по службена должност
•Одговор на прибирање на податоци по службена должност
Правилник за начинот на утврдување на состојбата и видот на приходите, имотот и имотните права на подносителот и неговиот брачен другар или лице кое живее во вонбрачната заедница.
Лице кое остварува право на СП не може да оствари право на ГМП.
Право на социјална сигурност за старите лица
Воведување на посебна заштита на стари материјално необезбедени лица.Старите лица кои се материјално необезбедени со навршени 65 години.
Гарантирана минимална помош
Со ова право се обезбедуваат финансиски средства за домаќинства кои имаат лица способни, но и неспособни за работа и се материјално необезбедени,...
Надоместок за помош и нега од друго лице
Ова право има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лица кои не се способни да ги задоволуваат своите секојдневни егзистенцијални...
Надоместок на плата за скратено работно време
Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки хронични заболувања може да го оствари еден...
Додаток за домување
Правото на додаток за домување се остварува на начин што ќе овозможи обезбедување на домување на материјално необезбедени лица
Траен надоместок
Обезбедување на материјална сигурност на згрижувач и родител кој се грижел за свое дете со попреченост.
Еднократна парична помош и помош во натура
Целта на ова право од социјална заштита има за цел да обезбеди основни финансиски средства за лице или семејство кое се нашло во положба на...
Надоместок заради попреченост
Со надоместокот за лица со попреченост се обезбедува нивно поттикнување на социјално вклучување и еднакви можности.